• Latest

Вевчанскиот карневал во ново, модерно руво

January 5, 2018

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Вевчанскиот карневал во ново, модерно руво

January 5, 2018 09:51
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter
Вевчанскиот карневал кој во изминатите години во својата програма вклучи и скандалозни, вулгарни и дискриминаторски пораки, оваа година има шанси да го врати поранешниот сјај. Оваа година, карневалот е во ново, модерно руво. Програмата ќе почне со забава, вечерта на 12 јануари, кога ќе настапат групите Pluto’s Doubts и Фолтин, и диџејот Кирил Џајковски. Наредниот ден, 13 јануари, во 13 часот ќе почне дефилето на маски.

Во пресрет на Василица и пречекот на православната Нова година, вечерта на 13-ти настапува Чалгија саунд систем. Околу илјада маски ќе дефилираат низ селото на 14 јануари, по што програмата ќе заврши тој ден попладне со традиционалното палење на маските.

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски на прес-конференцијата рече дека Вевчанскиот карневал е бренд на Република Македонија: „Уникатен е зашто успева народните традиции да ги спои со една отворена критичка култура која Вевчанци ја негуваат. Овој фестивал има и огромен потенцијал да го развие руралниот и културниот туризам и ние во таа насока сакаме да го видиме неговиот иден развој. Министерството за култура продолжува да го поддржува карневалот“. Министерот Алаѓозовски додаде дека Вевчанскиот карневал е пример за децентрализација во културата.

„Карневалот годинава е во викенд и очекуваме многу посетители од земјава и од странство. Вевчанскиот е најстар карневал, со најдолга традиција во Македонија и пошироко. Уникатен е и единствен, а учесниците ја имаат сета слобода да критикуваат и иронизираат“, рече на прес-конференција вевчанскиот градоначалник Сашо Јанкоски.
Вевчанскиот уметник Симун Лешоски, автор на дизајнот за пасошот на Република Вевчани и на вевчанските банкноти – личници, зборуваше за сите специфични обичаи за време на карневалот, кој е стар 1.400 години и има повеќе од 10.000 посетители.
Tags: ВевчаникарневалМинистерство за култураРоберт Алаѓозовски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ