Categories

МЕРКИ WhatsApp со ограничувања во борба против лажните вести

Корисниците на WhatsApp од денеска ќе можат да праќаат една иста порака одеднаш на ограничен број луѓе со цел да се спречи ширењето на дезинформации.

WhatsApp првично почна да го ограничува бројот на луѓе на кои може да им се испрати една порака на 20 истовремено во јули минатата година, додека ограничувањето на петмина се тестираше во Индија. Пред тоа можеше одеднаш да се испрати иста порака до 256 луѓе. Ограничувањата почнаа да се воведуваат по низа напади и убиства од мафијата во Индија предизвикани од лажни информации за киднапирани деца.

Сепак, ова ограничување нема да помогне многу затоа што и понатаму ќе може да се испрати една порака до групи, а секоја група да вклучува до 256 луѓе. Тоа значи дека бидејќи пренасочувањето ќе биде ограничено на пет пати, една иста порака ќе допре до максимум 1.300 луѓе.

Како што пишува Би-би-си ограничувањето доаѓа во време кога другите услуги на WhatsApp и Фејсбук се под истрага за нивната улога во ширењето на пропаганда и други невистини онлајн.

Минатата недела Фејсбук објави дека отстранил 500 страници и сметки, наводно, вклучени во расипани лажни вести во Централна Европа, Украина и други земји од Источна Европа.

Употребата на end-to-end енкрипција со WhatsApp, пак, истовремено значи дека нејзините пораки можат да бидат прочитани само од нивните испраќачи и приматели, ограничувајќи ја способноста на фирмата да забележи лажни извештаи.

Б. Ј.

Print Friendly, PDF & Email