поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
За да не се заборави никогаш, потребно и корисно е, од време на време, да се повтори што и како ВМРО и ДУИ работеле за цело време на заедничката власт, освен што ја заробиле државата. Потсетувањето треба да биде според резимето на извештајот на Рајнхард Прибе.
Не се свесни колку се досадни државните функционери, партиските демагози и пропагандисти, кога секој ден се фалат дека го работат тоа за што се платени, впрочем, како и сите други граѓани. На пример, за фалење ли е дека изградбата на делница на автопат долга два километри, најавена уште пред можеби десет години, ќе трае три и пол години?