„Што ќе донесе Господ тоа очекуваме од властите“, вели еден граѓанин на прашањето на ЦИВИЛ Медиа, кој е нивниот став околу одржаните избори и што очекуваат во наредниот период. Поголемиот дел од граѓанките и граѓаните на Скопје, одговорија дека изборите поминаа фер и демократски и дека очекуваат подобри услови за живот, за разлика од изминатиот период.
Меѓутоа имаше и незадоволни граѓани кои сметаат дека изборите не беа фер.
„Изборите беа како во Африка! Воопшто не беа слободни и демократски, беше извршена кражба“, истакна еден граѓанин. Друг, пак, вели: „Изборите беа лажирани и во иднина очекувам само најлошо од властите“.
Покрај задоволните и незадоволните граѓан(к)и имаше и доста незаинтересирани за политичките случувања и одбиваа да зборуваат пред камерата!
Ангела Петровска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента