поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
ДОВЕРБАТА НЕ СЕ ВРАЌА КАКО ШТО ПОСАКУВА БУЈАР
Не е точно дека враќањето на довербата на граѓаните во институциите и владеењето на правото ќе се случи само со расветлувањето на случајот “Рекет”, како што вели и сака Бујар.
Довербата на граѓаните ќе се враќа само тогаш кога правосудните органи сами ќе се охрабрат, без да чекаат некој друг да ги охрабри(н.пр. Бујар), да продолжат безкомпромисно и неселективно да го истераат, не само овој случај, туку и сите други случаи кои веќе неколку години не се решаваат, меѓу нив е и неговиот и случајот на неговиот “лидер”.
ВМРО И ДУИ САКААТ ДА ГИ УКИНАТ СИТЕ ПРЕДМЕТИ НА СЈО
Заев, и да сака, без странска помош, не ќе може да ја спречи заедничката намера на ВМРО и ДУИ, да ја користат оваа ситуација и дефинитивно да ги прекинат и укинат сите предмети на СЈО, независно во која фаза постапките се наоѓаат.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.