• Latest
илустрација: Крис Маден / сите права се задржани

За „градината и цвеќињата“ и булдожерите на македонскиот јавен живот

December 4, 2020
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

За „градината и цвеќињата“ и булдожерите на македонскиот јавен живот

December 4, 2020 12:56
in АНАЛИЗИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
илустрација: Крис Маден / сите права се задржани

илустрација: Крис Маден / сите права се задржани

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: КАТЕРИНА КОЛОЗОВА

Насловот е инспириран од email порака што ја добив од пријател и колега кој работи во Берлин, кој е Македонец, но кој, веќе подолг период, се занимава со светски и европски прашања на политичкиот јавен говор и меѓународните односи, а не толку со нашите. Разговаравме за стигмата на „ревизионизмот“ во нашата историографија како нешто што го влечеме од периодот на неуспешниот обид да се изгради вистински социјализам (периодот на СФРЈ), за бугарофобијата, но и за национал-шовинизмот на моменталната власт во Бугарија и неприфатливоста на бугарските барања во делот каде се врши насилие врз правото на национална себе-идентификација. Го загатнавме и прашањето на колективна вина, вклучувајќи го и проблемот дека ако на бугарскиот народ му припишуваме колективна вина за периодот на соработка со нацистичка Германија, а на сопствениот народ му подаруваме комплетна апсолвираност од секаква вина, и самите, сосема несвесно, учествуваме во градењето на еден националистички стереотип за соседот. Исто така, градиме себе-глорифицирачки стереотип, без никакво преиспитување, и со тоа креираме посебен тип на национализам, на колективна нарцисоидност, кој нужно изродува шовинизам кон оној кој сме го отсликале како наш антипод. По целата размена, мојот пријател заклучи, дека „ние се трудиме да направиме една убаво уредена градина со цвеќиња на терен на кој постојано врват булдожери.“ Неговата констатација беше со тон на резигнација.

Ако е теренот врвулица од булдожери, еве, да пробам да направам една мала висечка градина од ереси но и општи места што на возачите на булдожери можеби дури и ќе им се допаднат, и да пробаме да воспоставиме некаква хармонија во сето противречие.

Она што сакам да го кажам, а на секој обичен човек му е познато, и не е некоја исклучителна мудрост (но е едноставна мудрост), е следново: стварноста, особено во замрсени и болни периоди од историјата (на нации, заедници, па дури и семејства и поединци – секаква историја, значи), не е црно-бела. Стварноста е и сива и шарена. Што потрауматична, стварноста е повеќе сива одошто шарена.

Црно-белата историја и визија за нештата е догматска. Црно-бела и статична слика за нештата во општествените науки е догматизам, и науката ја прави сè повеќе прислужничка на нацијата-држава а помалку наука. Првата работа по повод која три претставници на нашата историска комисија се оградија од интервјуто на Зоран Заев за БГНЕС е дека извршил престап на „ревизионизам.“ Шокантно е дека современи научници користат терминологија на историографијата на СССР (и СФРЈ) според која „историскиот ревизионизам’ е автоматски нешто негативно, недопустливо и морално одбивно. Обична посета на Википедија на англиски под терминот „историски ревизионизам“ ме доведе до следнава дефиниција преземена од Американското здружение на историчари:

„Историскиот ревизионизам е средство со кое историските податоци, историјата на едно општество, онака како што е разбрана во колективната меморија, постојано вградува нови факти и толкувања на настаните што се вообичаено разбрани како историја. Историчарот и член на Американското здружение на историчари, Џејмс М. Мекферсон рекол: Четиринаесетте илјади членови на ова Здружение, сепак, знаат дека ревизијата е живата крв на историската наука. Историјата е постојан дијалог помеѓу сегашноста и минатото. Толкувањата на минатото се предмет на измена во светлото на нови докази, нови поставени прашања во однос на доказите, нови перспективи стекнати со текот на времето. Не постои една, вечна и неменлива „вистина“ за минатите настани и нивното значење. Непрекинатата потрага на историчарите во разбирањето на минатото,  односно, ревизионизмот, е она што ја прави историјата жива и ѝ дава смисла.“ (M. McPherson е претседател на Американската асоцијација на историчари кога ги пишува цитираниве зборови)

За жал, многу често и сосем погрешно, во нашиот јавен дискурс се изедначува негационизмот (кој вклучува намерно извртување факти и проблематизирање на моралната одговорност) на холокаустот или други злодела на фашизмот со ревизионизмот. Сепак, зборот ревизионизам и ревизија во современата историографска наука значат нешто друго (имено, погоре-цитираното). За современи научници, сепак, ова треба да биде јасно, како и тоа дека зборот „ревизија“ не може да го фрлаат како попови анатема. Конечно, ние самите бараме Бугарија да изврши ревизија на својот историски наратив, за да го признае постоењето на македонската нација – како е тоа принципиелна позиција, на другиот да му препорачувате ревизионизам, а за себе хистерично да го фрлате зборот наоколу како анатема?

Исто како бугарската страна, и нашата страна, очигледно, има членови на комисијата кои се заглавени во догматизмот на пост-советскиот концепт за историографија. Реакциите во јавноста во кои се едначеше секаква, отсекогаш, и некогаш и денес Бугарија со фашизам – наспроти нашата ангелска слика за самите себе – говори дека треба да го преиспитаме сопствениот шовинизам испреплетен со идеализирана слика за историјата. Тоа нема да го намали нашето поентирање дека Бугарија во моментов се однесува шовинистички кон нас, туку само ќе даде морален кредибилитет на нашите обвинувања за бугарскиот шовинизам. Ако немате друго оружје освен правдата на своја страна (а ние немаме), применете го Кантовиот категориски императив и прашајте се дали постапувате според следниов принцип: „Постапувај на таков начин што ќе го третираш човештвото, независно дали во сопствено име или во име на кој било друг, не како средство туку едновремено и секогаш како цел по себе.“ (Имануел Кант, Grundlegung zur Metaphysik der Sitten / Immanuel Kant, Groundwork of the Metaphysic of Morals)

Македонија не смее да допушти менување на именувањето на јазикот како локално така и на европско и меѓународно ниво, не смее да допушти насилие врз придавката која го означува етносот и националната определба, но Македонија мора да се преиспита за моралната чистота на која претендира за да биде вистински тоа – морална чистота и праведност и искреност пред самите себе, а со тоа и пред другите. Затоа, македонската држава и општество ќе мора да си го постави прашањето за квалитетот на сопствената историска комисија, содржината на нашата официјална историја (која создала наставници кои во трета година гимназија учениците ги подучуваат дека фашизмот во Бугарија настапил во 1934 со монархизмот на Борис Втори) и присуството на шовинизам кон бугарските граѓани како во јавниот говор така и во негуваната култура на секојдневието. Мора прво да го исчистиме сопствениот двор, и тоа заради самите себе, а потоа да плукаме во туѓиот, независно од прашањата на ЕУ интеграциите, заканите со вето, темата на регионално добрососедство и другите големи политички наративи.

 


Сите права се задржани.  ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторката.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ