• Latest

За идентитетот

December 5, 2018
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

За идентитетот

December 5, 2018 12:48
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Престанав да им верувам на зборовите. Секој ден сè повеќе се сомневам во нивното значење. Но, мојата скептичност не се должи на сознанието дека јазикот е општествена конструкција, туку на фактот што секој ден гледам употреба на зборови, без никаква одговорност и интегритет. A, што значи тоа одговорност и интегритет? Се прашувам како се дефинира идентитетот, во општество кое што никако не може да се излечи од траумите на транзицијата и кое што континуирано страда од демократски дефицит и политичка криза?  Прво, како именка, а потоа како реалност?

Климентина Ѓорѓиоска

Во Македонија, идентитетот се користи единствено како средство за дополнителна поларизација на веќе поларизираното население, како упориште на агресивен национализам и од двете доминантни етнички групи, како начин на диференцијација на „вие и ние“, како ултимативна алатка за уништување на она (не)постоечко единство!

Избирам,  да не го користам веќе овој збор, зашто не сакам и не можам да се опишам себе си со придавките, кои вообичаено му се припишуваат. Го избирам зборот препознавање, да, препознавање на заедничките именители меѓу луѓето. Можеби така ќе се зголеми бројот на меѓучовечки интеракции ослободени од сепарациони етикети како основа за здраво, демократско општество. Па, ќе може полесно да ги деконструираме сите оние поделби и да им дадеме одново значење на зборовите, коишто толку силно го изгубија значењето, последнава деценија: одговорност, достоинство, интегритет, човечност!

Зашто, ако светот доживува човечка алиенација поради пребрзиот прогрес на технологијата и науката, којшто не кореспондира со нашето разбирање за ваквиот развој, тогаш алиенацијата во македонското општество се должи на перманентниот говор на омраза.  Претесните форми на идентификација и желбата за непрекината доминација треба да се заменат со контемплативност. Да се пренасочи незадоволството од политичките партии, не кон себичен опортунизам и враќање на деструктивни, демагошки политички модели. Напротив треба да се менува моделот на владеење на политичките партии и да се култивира поголема општествена колективност, солидарност и свесност. Верувам дека тој е начинот преку којшто можеме да создаваме заеднички вредности во македонската политичка култура, коишто ќе бидат императив за политичарите, а во процесот сите заедно ќе  созреваме како граѓани на една земја како потентни агенси на промена. Во спротивно, мислам дека нивото на токсичност коешто веќе е присутно во високи количества ќе придонесе кон конечно уништување и на оние малку присутни тенденции за промена кон подобро.

Share32TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ