Катица Јанева и Бојан Јовановски се прогласени за виновни во случајот „Рекет“.
Јовановски доби затвор од 9 години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Јанева 7 години за злоупотреба на службената положба и овластување.
Пресудата предмалку ја соопшти судечкиот совет на чело со судијката Васка Николовска-Максевка. Таа е првостепена, а странките имаат право на жалба до повисокиот суд – Апелација.