• Latest

За македонската „беспоштедна“ борба против корупцијата

November 5, 2018
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

За македонската „беспоштедна“ борба против корупцијата

November 5, 2018 11:24
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Од средината на март оваа година и официјално не функционира една од клучните институции на државата за борба против корупцијата – Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Цунамито од оставки што го зафати ДИК во декември, 2017-та, премина на ДКСК, па оставки почнаа да се редат и таму. ДКСК се погрижи, во текот на своето постоење, да држи низок профил и да го избегнува радарот на јавноста. За тоа време, успеа вешто да ги скрие корупцијата на кликата на Груевски, а да се вклучи во нападите против граѓанското општество.

Џабир Дерала

Распадот на ДКСК не привлече внимание, иако зулумите што ги предизвика оваа институција се големи и далекусежни. Од друга страна, ни ДИК-овци, а ниту агентите на Груевски од ДКСК, не добија доволно внимание од јавноста, а уште помалку се соочија со одговорноста за злоупотребите. И референдумот помина без државна антикорупциска институција, што е спротивно на стандардите… Но, кој да му ја мисли и на тоа сега?

Корумпирана антикорупција

Се знаеше од поодамна, а потоа и се обелодени дека во Антикорупциска (ДКСК) има сѐ, само не борба против корупцијата. Тоа е институцијата што нарачуваше истраги против неистомислениците на Груевски, а беше слепа за корупцијата во редовите на неговиот режим.

Откривме и дека во ДКСК, освен што владее „слепило“ за корупцијата на власта, имало и злоупотреба на јавните пари, жестока партизираност и лош однос кон вработените. Потоа, почнаа оставките. И? Што и? И трт! Ништо.

Колку што ми е познато, мрсна апанажа примаат поранешниот претседател на ДКСК Игор Тантуровски, човекот на Груевски во институцијата и една од членките, Фарие Алиу, чија позиција е аминувана од Али Ахмети од времето на верното коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ. Ако се копа подлабоко, ќе се дознае дека Сузана Ташкова Аџикотарева и Најдо Спасовски, иако што не поднесоа оставки, не доаѓаат на работа од крајот на март. Но, плати примаат редовно. Останатите тројца, пак, Миленков, Сејди и Дамчевска, роса не ги роси, само се вратија мазно на своите претходни работни места.

Наместо одговорност – награда! Апанажи, работа, плати без работа… Тоа се придобивките од верното служење на режимот на Груевски.

„Противприродни“ трансфери

Во изминатава година и пол се нагледавме, а по распадот на ВМРО-ДПМНЕ, допрва ќе гледаме „противприродни“ трансфери и функционерски лупинзи и други акробации. Но, дали мора и нашата најголема рана – корупцијата – да остане сосема неизлечена? По извештајот на меѓународната група за борба против корупцијата, ГРЕКО, и јасните опомени дека властите мора да испорачаат законски и институционални решенија, се раздвижи Министерството за правда, се раздвижија и невладините фолиранти.

Прво имаше едно законско решение за нов, реформиран ДКСК, па уште еден, па трет, комбиниран од двата претходни… Па советувања со невладините или како веќе се нарекува тоа… Консултации ли, јавни расправи ли… Па една верзија била недоречена, па друга верзија не им дала доволно добри (а ветени!) позиции, па грешки во чекори, па нема време и… сега имаме закон за антикорупција што влезе во владина процедура.

А за стариот ДКСК на Груевски ич да не се секирате: апанажите си течат, платите си доаѓаат редовно, а новиот ДКСК допрва треба да се конституира.

Џе је ту логика?

Моите извори од разни институции, ми раскажуваат детали од овие процеси (дворски игри, де!), но сега најважна поента е токму тој закон со кој треба да се поведе незапочнатата борбата против корупцијата. Од тоа што го добивам како материјали, со компаративните анализи што може да се направат во краток период, најновата верзија од антикорупцискиот закон (Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси) е некаков компромис меѓу препораките на ГРЕКО, поединечните и групните апетити и неможноста да се подготви закон во таков временски теснец, особено откако се изгубило премногу време на јалови дебати и чекање „Тато да ја смени сијалицата в кујна“.

Според законот, што е во владина процедура сега, се предвидува ДКСК да ја сочинуваат седум члена (како порано), иако претходниот предлог обезбедуваше место за 5 антикорупционери. Во Украина, антикорупциската комисија има пет члена, во Црна Гора се формира Агенција со директор и пет члена на Советот на Агенцијата, а „скржавите“ Словенци имаат антикорупциска комисија од само три члена! Џе је ту логика?

Стручно-професионалниот сегмент на новиот ДКСК ќе биде мал. Тие што треба да ја истераат работата како што треба, тие што се во „рудникот“ и што мора да „копаат“ се најмалубројни во регионот. Најмалубројни, но затоа се и најслабо платени! Во словенечката комисија, професионално вработени се преку 40 службеници, во Црна Гора се предвидени 60, вработени се 56, а во македонскиот ДКСК има само 21 вработен во стручните служби. Значи, многу функционери – одлично платени за малку работа, а малку работници – за многу работа и пониски плати. Социјална правда на „високо“ ниво.

За тоа како новиот закон се снаоѓа со терминологиите и со регулирањето на обврските со анкетните листови, ќе ви пишувам веќе утре, во следната епизода на Жолтко и Лутко. За да имате време да ги апсолвирате денешните акценти од македонската „беспоштедна“ борба со корупцијата.

 

 


илустрација: Giovanni Battista Tiepolo – “Neptune offers the wealth of the sea to Venice”

Објавено и во Плусинфо и Слободен печат

Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Share18TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ