• Latest

За обвинетиот Никола Груевски

February 23, 2017
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

За обвинетиот Никола Груевски

February 23, 2017 18:47
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Господине Груевски, требаше ли да влезете во судница за да видите дека судството ни е станато – театар? Не знаевте што се случува таму? Зарем никој не ви кажал како луѓето стасаа до судии?“, пишува новинарот Томислав Кежаровски во колумната на неговиот портал Актуелно.мк, која со негова дозвола ЦИВИЛ Медиа интегрално ја објавува. 

Пишува: Томислав Кежаровски

Место со наведната глава да излезете оттаму и да си заминете, да се покриете со ќебе и да молчите, вие уште се обидувате „да исправате криви Дрини“. Згора на сé се потсмевате.

Молчете, глас да не ви слушнам.

Немате трошка доблест, ниту пак, вашите следбеници имаат доволно храброст и морална сила, заедно да се соочите со правдата и правдината.

Се чуствувате комотен, знам… Знам, и знаете, дека таа што во судницата седи пред вас, е ваш човек, дека барем за овој случај ќе куртулите. Да, да, што вели Миле ваш, „че куртулите“. Сигурен сум…

Воопшто не ме зачудува фактот што го сменила записникот, ама баш ич не сум изненаден. Добро е што Татјана Михајлова и хард дискот не го смени, и место тој, судскиот, не стави некој со „Пакмен“ или „Супер Марио“…

Никогаш не зборувам на памет, никогаш не пишувам, без да имам нешто в рака…

Само, не можам да се изначудам, не ми оди в глава како не ви појде од рака до крај да ја наместите работава, и во целава папазјанија, место Фатиме Фетаи и Катица Јанева да ја натокмите Лиле Стефанова.

Стефанова, онаа која пред сведоци ми велеше дека ќе скапам во затвор. Само, кога веќе ја спомнав, не знам зошто ми се закануваше дека ќе ми го растурела бракот. Тоа и ден-денес не разбрав, никогаш не ми го отвори срцето, не ми се довери… Пеперутки ли беа во прашање, што ли беа, не сфатив.

Обвинет сте, господине Груевски, ама тоа никој не го напиша и не го кажува во известувањата, како што таа придавка му ја редат на кого било друг од нас, останатите во државава… Да, да, обвинет…

Вие ама баш не сте ништо повеќе од нас другите, од мене, од Ајет, Зоран, Јетон, Тоше, Љупчо, Исмаил …

Господине Груевски, новинарите ги испотепавте, убивте или затворивте… Венци ни стасуваа пред врата. Да ги собирав ливчињата што нам ни ги оставаат на порта со „намерите што ќе ни сторат“, ќе наполнев еден камион. Затоа, новинарите сега и со право се плашат.

Додека ние размислуваме за револуција и мечтаеме за нешто убаво и свечено, вие сакате само да молчиме.

Ги замолчавте и поповите и оџите, и академиците и писателите, и глумците и пеачите. Навистина, не сите, ама деведесет и пет отсто од нив.

Ги пониживте и ги клекнавте на колена во својата желба да бидете некакви  кралеви или цареви, сеедно. Ги направивте поданици, им го заробивте интелектот.

Многу работи слушнавме за вас. Но, најмалку нешто патриотско, државничко.

Се потсмевавте кога вашите измеќари легнуваа луѓе на земја, затвараа, малтретираа и на ваша заповед, уриваа објекти низ Скопје, онака со динамит, до коска, и на сето тоа вие недолично коментиравте кој како се чувствувал. Се јасно слушнавме. Заткулисно зборувавте со речник не на премиер и на државник, туку на маалски шут.

Како архитект на ова денешно (не)време го користите својот јазик за манипулација и докажување на нешто што е во интерес на вашите аспирации и докажувачки цели.

Заменувајќи ги фактите со чувствата, посеавте омраза, зло, гнев, се обидовте да ни создадете нов идентитет.

Сега, наместо прогрес проповедате страв.

Приказните што ни ги раскажувате треба да послужат да ни го оттргнат вниманието од злоделата со кои се разурна уставниот поредок и институциуоналниот систем, и одговорноста да се префрли на некој непознат надворешен непријател.

Ја следам, можеби и со преголема фокусираност нашата политичка сцена и трошам на неа премногу време, па и зборови. И тоа трае. За среќа, не припаѓам на круговите чија е тоа професионална должност. Го работам тоа од позиција на маргиналец кого ништо не го обврзува на „политичка коректност“, која е, во нашите услови, само форма на присилба да не се зборува вистината.

Затоа, на глас ќе зборувам. Ќе викам колку што ме држи гласот….

Додека се удирате во гради со вашата квазиисторија, ние ја загубивме сегашноста. Вашиот квазипатриотизам, медицински кажано, е напредна фаза на патолошка состојба.

Ете кажете ми, патриотизам ли е да купите не еден, не два, не три, туку пет станови, кога бевме на работ на граѓанска војна во 2001 година. Патриотизам ли е што купувате илјадници квадрати за „џабл’к“ и да градите ѕидишта да не ги гледате тие околу вас?

Градевте за себе слика на чесен човек, влечкајќи ги фоторепортерите по вас, да ве фотографираат, демек, во Чаршија купувате скромна венчална бурма од педесетина евра.

Господине Груевски, станавме лидер во стапката на мизерија, станавме неслободна земја. Земја во која никој повеќе не верува во институциите.

Корупцијата денес доживува вистинска ренесанса.

Наместо да живееме, ние преживуваме, наместо да се храниме – ние се прехрануваме…

Стотици илјади млади луѓе ја напуштија земјата. Повеќето од нив засекогаш.

Е, токму затоа…

Секој од нас, треба да се бори за одбрана на принципот на владеењето на правото. Да се бори да се воспостави стабилна и сигурна правна држава во која ќе имаме доверба. Да се избориме повторно да ја воспоставиме државата, да ги вратиме или барем да ги задржиме младите овде, во татковината, да обезбедиме функционално здравство, современо образование …

Е, токму затоа…

Секој од нас, без оглед на верата, јазикот и народните обичаи, има само една задача: на сите политички никаквеци да им напише патен налог, за тие засекогаш да отпатуваат од нашиот живот ….

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Катица ЈаневаЛиле СтефановаНикола Груевскиправна државасудствоТатјана МихајловаФатиме Фетаи
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ