Мерцедесот од 600.000 евра, за чијашто набавка екс-премиерот Никола Груевски заработи затворска казна од две години, наместо да се продаде и да се купат возила за Брза помош, како што во предизборието најавуваше премиерот Зоран Заев, добива нови гуми.
Во јавно достапната документација, објавена на електронскиот систем за јавни набавки, со која се набавуваат гуми и за други владини возила, се забележува дека за пневматици за блиндираното возило ќе се потрошат повеќе од 53.000 евра.
Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија склучи договор со „МАК АУТОСТАР“ Скопје, на 30 април 2019 година.
Д.М.












