„Хибридните информативни и пропагандистички војни, најчесто не почнуваат со чинот на воената агресија на теренот. Жестоки медиумски проектили од лаги, невистини, поместувања, манипулации, искривувања на факти, насочувања на јавното мислење од една во друга крајност, од едни на други настани. И тоа се практично подготовки на јавноста, пред сè, на домашната но и воопшто, за воените намери што ги подготвува агресорот.
Целта на ваквата тактика е претходно да се подготви домашната јавност агресијата на својата политичка елита и на својата војска да ја прифати со одобрување и не како чин на напад туку како чин на сопствена одбрана.
Во таа насока со директно искуство сведочи и рускиот новинар на Би-Би-Си, Захаров:
„Анкетарите велат дека, кога им се обраќаат на луѓето да ги прашаат за војната, тие одговараат дека нема да зборуваат за војната бидејќи според законот војната во Украина не смееш да ја наречеш ‘војна’, туку само ‘специјална операција’ зашто во спротивно можеш да бидеш парично казнет или уапсен. Но има многу луѓе кои ги поддржуваат воените настани иако не станува збор за непосредна пропаганда. За оваа војна луѓето се подготвувани осум години, уште од времето на кримските настани. За ова сега, пропагандата ги подготви агитирајќи дека војната е добра и дека Украина е фалшива држава“ – вели Захаров.
Според него, пропагандата трае со години и на луѓето се обидува да им го врежи убедувањето дека војната е добра за нив.“
Извадок од анализата Кога совеста е мртва, тогаш умира вистината“, од Зоран Иванов.