ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ Скопје денеска ќе одбележи 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога се разбуди во урнатини под кои 1.070 лица го загубија животот, а 3.000 беа повредени.
СРЕДБА Италијанскиот заменик-министер за надворешни работи Бенедето Дела Ведова ќе се сретне со претседателот на Собранието Талат Џафери.
ВАКЦИНАЦИЈА Од денеска, 26 јули, граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт за да примаат вакцина за ковид-19, може да закажат вакцинирање во домашни услови (кликнете на линкот за повеќе информации и телефонски броеви од здравствените домови низ земјата).
ЛОКАЛНО, ТЕАРЦЕ Министерот за животна средина и просторно плaнирање Насер Нуредини и градоначалникот на општина Теарце Исен Асани во 10: 30 часот ќе присуствуваат на започнувањето на активностите за изградба на фекална канализација во населено место Теарце во општина Теарце
СОЦИЈАЛА Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ќе присуствува на отворањето на првиот Центар за поддршка на згрижувачки семејства кој ќе функционира при Јавната установа за деца „11 Октомври“, Скопје.
СКОПСКО ЛЕТО Скопје – Во рамки на 42. издание на манифестацијата „Скопско лето“ ќе биде изведена балетска претстава „Сви марш на плес“ (Balkan Dance Project). (Салон на Националната опера и балет/20:30)
СОЦИЈАЛА Во 10: 30 часот Коалицијата „Менуваме“ ќе одржи прес конференција пред Министерство за труд и социјална политика.
ЛОКАЛНО, ШУТО ОРИЗАРИ Премиерот Зоран Заев, градоначалникот на општината, Курто Дудуш и директорот на ТАВ, Метин Батак во 11 часот ќе присуствуваат на отпочнувањето на работите на атмосферската канализација во Шуто Оризари од средствата од ТАВ. (Локација на тромеѓе меѓу улиците „Хаџи Јован Шишков“, „Брсјачка буна“ и „Нов Живот“).
СОБРАНИЕ Собраниската Комисија за политички ситем и односи меѓу заедниците ќе ги одржи 30-та и 29-та седница во 11:00, 11:30 часот.
На дневен ред е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Собранието на Република Македонија, по скратена постапка – II читање; (Поднесен од: Талат Џафери, Јован Митрески, Арбер Адеми, Кастриот Реџепи, Сурија Рашиди, Никола Мицевски)
Во 11 часот ќе се одржи седница на собраниската Комисија за европски прашања, со дневен ред второ читање по скратена постапка, на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Македонија.
Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ќе се одржи во 12:00 часот.
ОПШТЕСТВО, РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА „Напади врз демократијата и човековите права: Граѓанските организации во поддршка на општествата од Западен Балкан кои се соочуваат со дезинформации, говор на омраза и хибридни напади“ е регионална конференција што ќе се одржи в среда, 28 јули, од 11 до 13:30 часот, организирана од ЦИВИЛ, во соработка со Балканскиот форум, членки на Платформата за граѓанско општество за демократија и човекови права (ПГО).
ПОЛИТИКА, РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА На 28-29 јули во Скопје е најавена средба меѓу премиерите на Северна Македонија и Албанија Зоран Заев и Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ, за да се потврди напредокот и да се потпишат договори за т.н. Мини Шенген кои произлегуваат од обврските дефинирани на Берлинскиот Самит.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.












