Во 12:00 часот, гледајте го Перо Арсовски со видео порака за почитување на различностите.
Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски ќе ги одликува Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов и Ремзи Несими, постхумно, и Живко Мукаетов со Орден за заслуги за Република Северна Македонија во 10:30 часот.
Продолжува 47. седница на Собранието на Република Северна Македонија во 12:00 часот.
Седница на собраниската Комисија за европски прашања во 10:00 часот.
Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на Штип, Сашко Николов ќе се обрати на свеченоста по повод почетокот на изградбата на браната на река Отиња во Штип во 14:00 часот.
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на ФИТР, Коста Петров, на заедничка прес-конференција ќе го презентираат јавниот повик за дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција за потребите на програмите за државна помош на Владата на Република Северна Македонија реализирани преку планот за економски раст, кој е објавен од ФИТР во 11:00 часот.
Министерството за информатичко општество и администрација ги поканува сите засегнати страни да учествуваат на отворената Јавна расправа за нацртот на Националната стратегија за ИКТ 2021-2025 и придружниот Акциски план во 11:00 часот.
Транспаренси Интернешнл – Македонија (ТИ-М) во рамки на активноста: „Јакнење на капацитетите на институциите во борбата против корупцијата“ ќе го презентира Извештајот за проценка на ранливост од корупција при процедурите за вработување во јавниот сектор за периодот од април до јуни 2021 година во 14:00 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.












