Работилница за примена на Кодексот за етичко однесување на пратениците во 13:00 часот.
Вицепремиерот Битиќи, министерот за локална самоуправа Горан Милевски и амбасадорката на Швајцарската Конфедерација Сибил Зутер Техада, ќе присуствуваат и ќе се обратат на промотивниот настан на Системот за рамномерен регионален развој во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ во 09:00 часот.
Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи ќе учествува на годишниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Вишеградската група – В4 и земјите од Западен Балкан – ЗБ6, кој се организира во рамки на Полското претседавање со Вишеградската група.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз ќе присуствуваат на примопредавањето на АБХО опрема за деконтаминација, донација од САД во 11:30 часот.
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ќе учествува на Вториот министерски состанок за интеграција на Ромите.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.