Во 10:00 часот министерката за одбрана Радмила Шеќеринска ќе се сретне со кинескиот министер за одбрана, генерал Веи Фенгхе кој е во официјална посета на Министерството за одбрана.
Во 11:00 часот ќе се одржи прес-конференција на вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски, министерот за правда, Бојан Маричиќ и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Со почеток во 12:00 часот ќе се одржи седница на Државната изборна комисија.
Во 12:00 часот ќе се одржи прес-конференција на претседателите на Алијанса за Албанците и на Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши.
Во 13:00 часот ЦИВИЛ ќе одржи панел дискусија на тема „Попис: Статистика, не политика“ во Скопје
Актуелната состојба поврзана со пандемијата ќе биде тема на денешната седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, што ќе се одржи во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, со почеток во 14:00 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.