• Latest

За почеток на денот: ЦИВИЛ со регионална конференција „Напади врз демократијата и човековите права“, брифинзи, конференции и собраниски седници

July 28, 2021
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

За почеток на денот: ЦИВИЛ со регионална конференција „Напади врз демократијата и човековите права“, брифинзи, конференции и собраниски седници

July 28, 2021 08:45
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ОПШТЕСТВО Регионалната конференција „Напади врз демократијата и човековите права: Граѓанските организации во поддршка на општествата од Западен Балкан кои се соочуваат со дезинформации, говор на омраза и хибридни напади“ ќе се одржи денеска, на 28 јули 2021 година, со почеток во 11 часот, во хотел Парк Резиденс & Спа во Скопје, сала „Њујорк“.

Конференцијата ја организира ЦИВИЛ во соработка со Балкан форум  и членките на Платформата за граѓанско општество за демократија и човекови права (ПГО).

Меѓу учесниците и говорниците на двата панели на конференцијата се Марион Краске, проф-д-р Снежана Трпевска, Волфганг Ресман, Амина  Шурковиќ, Ненад Шебек, Абит Хоџа, Тијана Цвјетичанин,  Амина Шемсовиќ, Ерјон Цурај, Бојан Кордалов, Мерсиха Смаиловиќ, Владимир Георгиевски и други претставници на медиумите и граѓанското општество. Учесниците се од земјите на Западен Балкан и од Германија.

Настанот ќе се емитува преку онлајн платформите на ЦИВИЛ, на Фејсбук страницата и на Јутуб каналот, додека медиумските содржини ќе бидат преведени од тимовите на ЦИВИЛ и Балкански форум. Редакциите се поканети да присуствуваат физички или онлајн. На барање од редакциите, организаторите ќе обезбедат линк за онлајн присуство на конференцијата.

ЧОВЕКОВИ ПРАВА Денеска во Собранието во сала „Борис Трајковски“во 11 часот, ќе се одржи презентација на наоди од регионалното истражување за ставови и мислења за ЛГБТИ права во регионот на Западен Балкан во организација на Меѓународната организација Civil Right Defenders, Собранието на Република Северна Македонија и Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

ЗЕЛЕНИ Активистичката коалиција ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД ќе одржи прес-конференција пред Собранието во 10,30 часот.

ПРАВДА Министерот за правда Бојан Маричиќ ќе одржи брифинг во Клубот на пратеници во 12,30 часот.

СИНДИКАТИ Во 10:30 часот Синдикатот на УПОЗ ќе одржи прес конференција пред зградата на ССМ

ПРОМОЦИЈА Вечерва во 19,30 часот во Штип ќе се одржи промоција на новото граѓанско движење ЛДП и ДОМ, во Амфитеатар Фонтана на Мак Фест Безистен.

ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА Во Клубот на пратеници во 11 часот  ќе се потпишуваат  договорите за кофинансирање на проекти за прекугранична соработка со Бугарија и со Косово од страна на министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

СОБРАНИЕ  Во 12 часот продолжува 47-та седница на Собранието со дневен ред Предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, второ читање.

 Во 10 часот ќе започне Седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност.

Во 13 часот ќе започне седницата на Законодавно-правна комисија со дневен ред:

-Предлог на закон за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од COVID – 19 врз производството и откуп на  тутун, по скратена постапка – II читање;

-Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, по скратена постапка – II читање;

-Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за концесиии и јавно приватно партнерство, по скратена постапка – II читање;

-Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта , по скратена постапка – II читање

-Барање за давање на автентично толкување на член 173 став (12) а во врска со членот 175 став (2) од Законот за високото образование* („Службен весник на Република Македонија” број 82/18),

-Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Собранието на Република Македонија, по скратена постапка – II читање; (Поднесен од: Талат Џафери, Јован Митрески, Арбер Адеми, Кастриот Реџепи, Сурија Рашиди, Никола Мицевски).


Дел од најавите се од сервисот на МИА.

Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување. 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ