ЦИВИЛ денеска ќе одржи работилница во Штип на тема: „Учество во креирање политики, јакнење на јавната свеста и промоција на европските вредности, мултикултурализмот и недискриминацијата на локално ниво“ со почеток од 9:30 часот, во општинската сала.
Фондација Метаморфозис со почеток од 10 часот, преку Зум организира онлајн настанот „Дијалози за Дигитална агенда: Презентација на Извештај за тековната состојба и патоказ за унапредување на Дигиталната агенда во Северна Македонија“.
Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија денеска од 09:30 до 13:00 часот на платформата Зум ќе биде домаќин на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24), која ќе ја одржи деветтата сесија на тема „Што стои на патот во спроведувањето на антикорупциското законодавство?“, во организација на Европското движење.
Министерот за здравство Венко Филипче ќе ја посети ГАК, по што ќе даде изјава за медиумите во 10 часот.
Седница на собраниската Законодавно-правна комисија во 11 часот.
Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет во 12:30.
Склучување нов Меморандум за соработка со Хрватската народна банка. Изјави за медиуми ќе дадат гувернерите Борис Вујчиќ и Анита Ангеловска-Бежоска во 10:30 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.












