поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Дури сега на портпаролот на ВМРО му текна, во неделникот ФОКУС, да го соопшти неговиот став дека „Македонија не е ранлива заради објавување на бомбите, туку заради нивната содржина”. Одеднаш бомбите не се „сечени, лепени, креирани и монтирани”.
*
Никој не спори дека е потребно и добро ОСБЕ да ги набљудува изборите.Меѓутоа, доколку ОСБЕ, од било која причина, одлучи поинаку, тоа не значи дека државата не треба да одржува избори, ако тоа некоја партија демагошки го поставува како свој услов.
*
Во случај некој да не верува во тоа што „обезбедува“ Ширете Елези, изнесените податоци од нејзина страна на прес конференција, за тоа кој сѐ и колку пари ќе добие од државата, сам, ако може, нека ги провери.