поентира: Џевдет Хајредини
Господинот Стојан Андов, десет години подоцна уште еднаш ќе има прилика да го повтори својот “штетен и опасен манир” и да го пројави ригидниот однос кон правата на албанците. Само тој на 22 март 2001. категорички ќе го одбие предлогот за прекин на огнот со ОНА(УЧК) и да се даде шанса на дијалогот меѓу двете страни, што неколку месеци подоцна и ќе се случи.
Во врска со ова, бизнисменот Веби Велија, во книгата за неговата биографија на познатиот албански писател Висар Жити, издадена во 2006. од и.к. ОНУФРИ, Тирана, како директен иницијатор, ги изнесува спомените од контактите со тогашните македонски раководители на 21 и 22 март 2001. Додека Љубчо Георгиевски, Бранко Црвенковски, Ристо Гуштеров и лидерите на партиите на албанците се согласиле со предлогот, Стојан Андов категорички го одбил со овие зборови:
22 март 2001. 14ч.
-Средбата со Андов беше многу кратка и разочарувачка. Во одговорот за предлогот на македонскиот премиер, со еден агресивен и исклучив тон, дека без истерување или ликвидирањето на албанските терористи, дел на еден меѓународен терористички заговор, не може да се седне за дијалог. По тоа додаде дека ова е и сугестија на меѓународната политика и дека тие, македонците, таа ќе ја спроведат од точка до точка. Заклучи додавајќи дека терористите не се македонски граѓани, туку само албански терористи што заслужуваат да се сотрат.
Во текот на денот имав еден телефонски разговор со хрватскиот претседател г.Стипе Месиќ, кој остварил една средба со Исмаил Кадаре дента во Загреб.Така како се согласивме со големиот писател го повторив неговиот последен предлог да ја превземе улогата на медијатор во судирот. Ми одговори дека не само што со задоволство го прифаќа предлогот, туку ми раскажа дека почна да ја игра улогата.