Наместо да се подготвуваат за првиот училишен ден, неколку ромски дечиња секојдневно, времето го поминуваат „забавувајќи“ ги туристите и граѓан(к)ите на Скопје. Додека дел од Ромчињата пеат и играат на Камениот мост, друга група на дечиња се разладуваат во загадените води на Вардар.
За разлика од неколку базени во Македонија, пред кои никаде не пишува дека им е забранет влезот на Ромите, а пред камерата на ЦИВИЛ Медиа, неколку Роми сведочеа дека влезот им бил забранет поради бојата на кожата, градските власти во Скопје барем поставија табла каде што пишува „забрането капење“ во реката Вардар. За сите. Па, и за Ромчињата…
Но, кој ќе биде одговорен ако им се случи нешто на дечињата – „забавувачи“? Родителите, центрите за социјална работа, старателите, полицијата, Градот Скопје… Ппштеството во кое врие од дискриминација? Матниот Вардар?
Текст и камера: Дехран Муратов