• Latest
Украинската амбасадорка, Н. Е. Наталија Задорожњук

Задорожњук: Фашистичкиот режим на Русија мора да доживее уништувачки пораз

March 24, 2022
Фото: Скриншот од видео на профилот на Антонио Кошта/Х

ПОЛИТИКО: Кошта се обидува да го заобиколи ветото на Орбан врз кандидатурата на Украина за членство во ЕУ

September 29, 2025
Фото: МИА архива

Според поранешна шефица на МИ5, Велика Британија можеби е веќе во војна со Русија поради интензитетот на сајбер нападите и саботажите

September 29, 2025

Стартува кампањата на политичките партии: ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, СДСМ во Крушево, Меџити кај „Скендербег“

September 29, 2025

Почна официјалната дваесетдневна кампања за локалните избори

September 29, 2025
Фото: Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Проевропската партија на Маја Санду пред победа на парламентарните избори во Молдавија

September 29, 2025

Протести и контра-протести во Србија

September 28, 2025

Филипче: Наша должност е да ја запреме разулавената власт, да се обединиме и да го спречиме рушењето на нашиот заеднички дом и на сето она што сме го постигнале

September 28, 2025
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кијив, рано наутро, 28 септември 2025, погодени станбени згради (фото извор: Кијивска регионална администрација)

Украинската амбасадорка Дир за ЦИВИЛ: Државата-агресор продолжува со терор против украинските градови и граѓани

September 28, 2025

„Сива зона“ – игра за млади за подигнување на свеста за корупцијата

September 28, 2025

Избори, нервоза и сказни

September 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Задорожњук: Фашистичкиот режим на Русија мора да доживее уништувачки пораз

March 24, 2022 09:09
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТОП 5
Украинската амбасадорка, Н. Е. Наталија Задорожњук

Украинската амбасадорка, Н. Е. Наталија Задорожњук

Share on FacebookShare on Twitter

Измина еден месец од почетокот на најголемиот воен конфликт на тлото на Европа од крајот на Втората светска војна наваму. Од самиот почеток на бруталната руска агресија врз независна и суверена Украина гинат цивили. Руската армија, едноставно, без предупредување, стрела со најтешко оружје, од воздух, копно и од море, врз цивилни цели – станбени објекти, патнички возила, училишта и градинки, болници, породилишта, театри, трговски центри, домови за стари лица, па дури и врз нуклеарни централи.

Разговараме со Амбасадорката на Украина, Н.Е. Наталија Задорожњук која, во интервју на 13 јануари 2022, не ја исклучи целосната агресија на Путиновата воена машинерија врз Украина. Амбасадорката Задорожњук повеќе пати до сега нагласи дека агресијата врз Украина е агресија и против демократскиот и цивилизиран свет, што е главна констатација и на соопштението на ЦИВИЛ (25.2.2022), прво во Северна Македонија и меѓу првите во светот, со кое најостро се осуди руската агресија. Задорожњук овде одговара на прашања за повеќе аспекти на оваа трагична војна.

На 24 март се навршува еден месец од руската агресија врз Украина. Каква е состојбата во Украина?

ЗАДОРОЖЊУК: Месец војна со рускиот режим. Блицкригот на агресорите од Кремљ пропадна. Украина се бори херојски и посветено. Се бори за себе, за иднината на своите деца, за Европа и за демократските вредности, за правото на избор.

Има значајна предност на Украинската Армија во копнените битки и критична потреба да се затвори небото. Во воздухот доминира авијацијата на агресорот.

На воен план ја победивме таканаречената втора армија во светот. Оваа војна за нив е почеток на крајот.

Покрај деморализацијата, Русија, губејќи на бојното поле прибегна и кон заплашување – ова се и злосторствата на руската армија со пукање на населението, грабежите, бомбардирање со авијација и ракети врз објектите на критичната инфраструктура по целата територија на Украина.

Армија се, пред сè, луѓето, нивната подготвеност да одат во битка. Во ова Русите губат катастрофално. Ние имаме неспоредливо квалитативна предност на Вооружените сили на Украина и на украинскиот народ. И тоа не е само воена предност – тоа е народен отпор. Нашата армија работи со 100% поддршка од населението.

Кој било украински војник на линијата на фронтот кој излегува од автомобилот, едноставно, е нападнат од локалното население со желба да го нахрани, да му го наполни автомобилот со гориво, да помогне и да пријави информации за агресорот.

Штом се расипува каква било техника на окупаторот, локалните жители стигнуваат до неа порано од нашите воени единици. Тие веднаш целосно ја онеспособуваат. Ова е тотален отпор, чии размери светската историја сè уште не ги видела. Целиот народ се крена во војна.

Непријателот претрпе големи загуби во сите правци.

Да, Мариупол е блокиран, вистина е. Агресорот физички го уништува овој прекрасен град. За нив нема ништо свето. Знаејќи дека луѓе се кријат во театарот, тој намерно и безмилосно фрла по него бомби. Дури и цивилните хуманитарни коридори што ги отвораат, ги принудуваат луѓето да се евакуираат не во Украина, туку на територијата на руската федерација.

Најголемиот дефицит сега во Украина е оружјето. Сите цивили бараат да бидат вклучени во војната, да им се даде можност да го протераат агресорот. Оние кои не можеа да добијат оружје, градат барикади и организираат помош за војската. Се води вистинска народна војна.

Иако е исклучително тешко да се предвиди, можете ли, врз основа на Вашите сознанија и анализи, да дадете прогноза за тоа која е перспективата, како ќе се одвива војната во наредниот период?

ЗАДОРОЖЊУК: Оној кој има поголема предност на бојното поле ќе има поголема предност во текот на преговорите. Украинците веќе ги уништија сите можни планови на непријателот. Кремљ се обидува да измисли прифатливи опции за својата фиктивна „победа“ над Украина со цел некако да ги објасни ефектите од санкциите и да ја зачува власта на нехуманиот путински режим.

Но, режимот на Кремљ не ја изгуби и веројатно не планира да ја изгуби целта – да ја принуди Украина да се предаде. Затоа, не можејќи да победи во воените операции, тој прибегна кон воени злосторства – убивање цивили, употреба на забрането оружје, гранатирање хуманитарни конвои.

Според последните анкети, 92% од Украинците веруваат дека ќе победиме. Но, постои една околност што не е на страната на Украина: ужасни човечки загуби и постепено економско исцрпување.

Бруталниот напад врз цивилните цели натера повеќе од десет милиони луѓе да ги напуштат своите домови, од кои повеќе од три милиони сега се бегалци надвор од Украина. Колку бегалци од Украина има во Северна Македонија во моментов и што им е најпотребно? Дали може нешто повеќе да направат институциите и хуманите граѓанки и граѓани? Дали им е овозможено на украинските бегалци да работат во Северна Македонија?

ЗАДОРОЖЊУК: Сега чекаме официјални информации од Министерството за внатрешни работи за точниот број на граѓани на Украина. Според нашите проценки, во земјава влегле околу 500 граѓани на Украина, кои главно се сместени кај роднини и пријатели.

Во моментов го решаваме прашањето за медицинска нега и вклучување на украинските деца во образовниот процес.

Владата на државата донесе одлука за обезбедување на привремен престој за украинските граѓани. Граѓаните можат да се обратат до полицискиот оддел, до инспекторатот за работа со странци за добивање на дозвола за привремен престој од хуманитарни причини. Граѓаните на Украина кои ја добиле оваа дозвола за привремен престој имаат право на вработување и социјална заштита во земјава.

Што е најпотребно за Украина во овој момент?

ЗАДОРОЖЊУК: Заострување на санкциите против Русија, обезбедување оружје за Украина, затворање на украинското небо од руски ракети и бомбардирања и обезбедување на хуманитарна помош.

Како ќе ја оцените руската пропаганда во Северна Македонија? Во кои размери, според Вас, руската пропаганда е навлезена во јавниот и медиумскиот простор? Што мислите дека треба да се направи?

ЗАДОРОЖЊУК: Примерите на руска пропаганда што деновиве ги анализирам покажуваат дека идеолошката машина толку великодушно финансирана од Русија сега ги има истите проблеми како и „втората армија во светот“. Дури и поголеми.

Русија во првите денови успеа да го пополни информативниот простор со лажни вести и информативно ѓубре, но сега ситуацијата е стабилизирана. Повеќето граѓани разбраа, сѐ повеќе македонски медиуми даваат вистинити информации. Ги гледаме, се разбира, троловите од Кремљ и други специјални сили на руската пропаганда, тие се бучни, но слаби, извикуваат некои празни слогани.

Рускиот режим со својата информативна кампања ги понижува македонските граѓани, нивната способност да анализираат, да ја гледаат вистината, тие објавуваат некои луди лажни вести, надевајќи се дека некој навистина ќе поверува во такво лудило. Мислам дека дури и жестоките поддржувачи на путинизмот веќе не им веруваат, туку ги поддржуваат по инерција. На луѓето им е тешко да ги признаат своите грешки, да признаат дека нивните идоли воопшто не се идоли, туку злосторници.

За среќа, руската пропаганда, ова информативно ѓубре ќе се намалува.

Убедена сум дека оваа брутална војна, почната од Русија во 21 век, ќе влијае на сите сфери на животот во европските земји, вклучително и на информативната сфера. Ќе има сѐ повеќе објективни, чесни информации, повеќе професионални новинари.

Во оваа насока, работата на Цивилмедиа, Контраспин, Вистиномер, Мета, Независен и многу, многу други професионални медиуми заслужува почит и поддршка.

Украина доби поддршка од западните сојузници, но далеку од доволно. На што се должи тоа и дали очекувате некаква радикална промена по ова прашање?

ЗАДОРОЖЊУК: Добивме многу силна помош од нашите западни сојузници во сите насоки. Секако, кога вашата земја ја бомбардираат и уништуваат, кога се убиваат цивили, деца, сметате и барате поголема поддршка. Нам ни треба толку колку што ќе може да го запре овој циничен и безмилосен режим.

Видовте дека руските пропагандисти неодамна изјавија дека Украина е тампон-зона до Европа. Тие ќе одат понатаму – Полска, Балтичките земји, ќе се вратат во Грузија, Молдавија. Поранешниот претседател на Русија, заменик во Советот за безбедност, Медведев, неодамна ја заплашуваше Полска. Но, Полска е силна и храбра земја, и како одговор на овие заплашувања таа протера 45 руски дипломати.

Затоа Украина, Европа, цивилизираниот свет се обединети во едно – ние мораме сите да го запреме овој фашистички режим во Европа, и не само да го запреме, туку и да нанесеме уништувачки пораз. Режимот кој врши геноцид нема право на постоење.

Џабир Дерала


CREATIVE COMMONS 4.0 (You are free to: Share — copy and redistribute the material in any medium or format)

ПРОЧИТАЈТЕ ГО И ПРВОТО ИНТЕРВЈУ, 13.01.2022: 

Задорожњук, амбасадорка на Украина: Русите самите провоцираат, напаѓаат, окупираат, убиваат и при тоа чувствуваат „опасност“. Би било смешно да не е толку тажно!

ПРВОТО СООПШТЕНИЕ НА ЦИВИЛ ПО ПОЧЕТОКОТ НА РУСКАТА АГРЕСИЈА, 25.02.2022

ЦИВИЛ: Сопрете го Путин! Слободата и мирот за Украина се слобода и мир за целиот свет!

Print Friendly, PDF & Email
Tags: агресијаНаталија Задорожњукпропаганда
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    134 shares
    Share 54 Tweet 34
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија може да ги затвори преговорите за ЕУ до крајот на 2027; Тачи не носел одлуки во ОВК

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Две години од нападот во Бањска, терористите сè уште на слобода; Разрешен градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај; Рама ги повика странците да инвестираат во Албанија пред зачленувањето во ЕУ

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Скопје – „Метропола“ на сметот!

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ