Уставниот суд на Јужна Кореја едногласно гласаше да го поддржи импичментот на претседателот Јун Сук Јеол. Имаше радост и солзи меѓу про-Јун и анти-Јун поддржувачите, кои излегоа на улиците пред пресудата. Полицијата е на готовност во случај на евентуални насилни протести, објави Би-би-си, пренесува ЦивилМедиа.
Во своите први забелешки по пресудата, Јун вели дека „навистина му е жал“ што не ги исполнил очекувањата на народот
Неговото краткотрајно прогласување воена состојба минатиот декември ја втурна земјата во политички превирања Неговите овластувања првпат беа суспендирани кога парламентот гласаше за негово отповикување на 14 декември
Некои од најблиските до Јун го опишаа поранешниот претседател како експлозивна личност од млада возраст, додавајќи дека тој често „правел како што сака… [и] бил тврдоглав до срж“.
Сега кога Јун е отповикан, предвремените избори мора да се одржат во рок од 60 дена
Јун, исто така, се соочува со посебно обвинение за востание, кое ќе оди на суд подоцна.
Откако Јун беше отповикан, започна нов тренд на социјалните мрежи наречен „Оброк за импичмент“. Популарни станаа и хаштаговите како „Специјално за отпуштање“, „Специјално за импичмент“ и „Прославни тестенини“.
Многумина го слават импичментот јадејќи јадења со тестенини или други вкусни оброци и објавувајќи слики на интернет.
Јадењата често вклучуваат „pa“ (зелен кромид) и „myeon“ (нудли), зборот „pamyeon“ звучи како импичмент или отстранување на корејски. Тестенини, исто така, традиционално се јадат во Кореја за прослави.
Од попладнево, на X се појавија повеќе од 28.000 објави со хаштаг „Специјално за отпуштање“.
Д. Мишев