Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција истакна дека конечниот датум за предвремените парламентарни избори ќе биде 15 јули, за кој рече Заев дека е заклучен последен и единствен датум за избори, на кои загарантирано ќе учествува и опозицијата.
„Разговарав повторно со Мицкоски и ми потври дека е согласен да учествува на избори на 15 јули. Бараа средината на јули, еве им средина на јули. 15 јули, среда, неработен ден за сите граѓани. Ден за гласање, одлуки и спас на државата од кризата во која влеговме“, истакна Заев.
Тој додаде дека понеделник 13 и 14 јули ќе се одвива гласање на болни лица, позитивни на корона, оние во самоизолација, хронично болли граѓани , а молкот ќе настапи на 12 јули, недела.
„Сите сме крајно свесни дека се наоѓаме во комплцииран момент кога мораме да направиме важни чекори за нашата земја. Одговорност е да направиш сè за да направиш институции кои ќе работат за граѓаните, активно Собрание, мора да биде активено, целосно функционална Владата, ние треба на граѓаните, власта и опозицијата да им го овозможиме тоа“, додаде Заев.
Заев го повика Мицкоски ова решение да го потврди јавно, дека прифаќа на 15 јули да учествуваат да на изборите.
„Следен чекор од да побараме од претседателот Пендаровски да прогласи нова вонредна состојаба, за да го обезбедиме учеството на опозицијата на изборите, секако и за го промениме денот на изборите, наместо недела во среда, и наместо до 19, да биде до 21 часот“, додаде Заев.
Барањето за вонредната состојба ќе биде само поради усогласување на 15 јули како конечен датум за изборите и сите промени претходно соодветни на избирачкиот закон.
А. П.