• Latest

Заев: 27 земји потврдија дека Северна Македонија е успешна и изразија несогласување со Франција, причината не сме ние

October 22, 2019
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: 27 земји потврдија дека Северна Македонија е успешна и изразија несогласување со Франција, причината не сме ние

October 22, 2019 08:33
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев вечерва во интервју за емисијата „360 степени“ изрази задоволство што 27 земји потврдиле дека Северна Македонија е успешна и оцени дека за несогласувањето на Франција да се отворат преговорите со ЕУ со нашата земја, причината не сме ние.

Заев вечерва одговараше на прашања поврзани со најновите настани во врска со недонесувањето на одлуката за добивање датум за почеток на преговорите, како и за идните чекори на патот на евроинтеграциите.

„Јас реков дека ова ќе го носам како нова лузна на моето лице, како што ги носам лузните од непријатните настани, коишто се случија во Собранието. Секако, очекувавме Европската Унија да го исполни своето ветување, коешто за жал не го исполни. Рекоа дека направиле историска грешка. И јас така ја нареков таа постапка – историска грешка. Ветувањето беше многу прецизно многу постојано, многу континуирано како признание за тоа што нашата земја помина низ еден сериозен процес на реформи, заради двата договори со Бугарија и Грција“, истакна премиерот одговараќи на прашањето дали се чувствува измамен.

За информациите дека постои иницијатива од Италија, да се врати прашањето за Северна Македонија на дневен ред веќе во ноември, на Советот за општи работи, премиерот Заев одговори: „Сега јас малку ќе закочам со мојата надеж и оптимизам. Нели бев најголем оптимист. Ние да си работиме, а тие дај боже побрзо да одлучат, да ги отворат поглавјата за нас, односно да ја донесат одлуката за почеток на преговорите“.

Додаде дека веќе добил покана од италијанскиот премиер Џузепе Конте да се сретнат во вторник, на 29 октомври и оти ќе разговараат за оваа иницијатива која како што рече е подржана и од други премиери.

На прашањето како го коментира размислувањето на претседателот на Франција Макрон дека треба да земе предвид дека на некои од земјите кандидати за членство во ЕУ, наместо тоа може да им се понуди стратешко партнерство, Заев истакна дека за нашата земја нема друга алтернатива освен полноправно членство во ЕУ.

„Ние нема да прифатиме друга дебата како на пример таа за стратешко партнерство, а не за членство. Можеме да учествуваме и сакаме да учествуваме во дебата за унапредување на пристапниот процес. Ние и самите тоа го правевме низ нашите процеси, низ процесите за ЕУ интеграции на другите земји од регионот. Големи се искуствата како придонес за дебата за методологијата за пристапување и од процесите како што е Берлинскиот каде што многу активно партиципираме. Зошто не е прифатлива идејата на претседателот Макрон? Ние ќе поминеме сигурно седум до осум години во процесот на преговори по поглавја. Тоа значи дека ќе станеме полноправна членка на ЕУ откако ќе се реформираме внатре, а за тоa ќе ни помогне пристапниот процес и затворањето на поглавјата“, нагласи Заев.

Тој додаде дека верува дека францускиот претседател Макрон ќе го прифати ова и ќе испрати охрабрувачки сигнал дека овој процес треба да го започнеме така како што досега е договарано.

„Тој сигнал не ми треба мене. Тоа ќе биде сигнал за нашиот народ. За да ја задржиме и да ја одржуваме мотивацијата. Таа мотивација мора да ја задржиме и од поддршката на 27 земји членки на ЕУ кои имаа кристално чист став дека сме заслужиле отворање на преговарачкиот процес низ отворање на поглавјата за пристапување. И Данска и Холандија на крајот се согласија и тоа одговорно го тврдам. ЕУ останува посветена, иако поминува низ оваа дебата и таа треба да си ја решат внатре. И ќе ја решат. Искрено се надевам дека тоа нема да трае до мај“, потенцираше Заев.


извор МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ