• Latest
Добро утро со Орданоски

Заев би победил на изборите, ама што дека?

December 26, 2019
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Заев би победил на изборите, ама што дека?

Објавените податоци индицираат клима на политичка криза од поширок, „над-партиски“ карактер, кога мнозинството од граѓаните не е задоволно од никого на политичката сцена.

December 26, 2019 07:13
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ИЗБОРИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Обично, не се впуштам во коментирање на предизборни анкети. Не само затоа што човек веќе не знае зад која анкета кој партиски интерес стои, туку и затоа што во последната деценија се потврди, на глобално ниво, дека на изборно-референдумските анкети не може да им се верува – при одговарањето на ваков вид на испитување на јавното мислење, луѓето почнаа да лажат во такви масовни бројки, што резултатите станаа ирелевантни за правење втемелена политичка анализа или, не дај Боже, некаква сериозна прогноза.

Па, сепак, има еден податок во вчера објавените резултати од истражувањето на јавното мнение што го спровеле Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија „Социетас цивилис“ од Скопје кој ме натера да се замислам…

Имено, и во ова истражување разликата помеѓу поддршката за владејачката и онаа за опозиционата партија е многу мала – СДСМ води со помалку од два процентни поени пред ВМРО-ДПМНЕ – но, затоа, на прашањето дали сметаат дека оваа Влада заслужува да биде реизбрана во април, 53,9 проценти од анкетираните одговориле негативно, а дури 58,7 отсто велат дека ни опозициската ВМРО-ДПМНЕ не заслужува да дојде на чело на идната, пост-изборна влада.

Е, овие податоци се веќе симптоматични, бидејќи не бараат од испитаниците, евентуално, да лажат на директно прашање за кого би гласале на следните избори, туку се испитува нивното општо расположение кон политичката понуда и општествената клима во државата, за што може да се очекува поголема веродостојност во искажаните ставови. Објавените податоци индицираат клима на политичка криза од поширок, „над-партиски“ карактер, кога мнозинството од граѓаните не е задоволно од никого на политичката сцена.

Во такви ситуации, изборите, во принцип, не решаваат ништо, бидејќи ќе се натпреваруваат оние на кои мнозинството во јавноста, сеедно, не им верува. Тоа не значи дека во таква изборна атмосфера нема да се добие победник на изборите, но значи дека кој и да победи, нема да ја има поддршката кај најголемиот дел од општеството.

СДСМ ова добро го разбира и затоа делува нерешителна и по малку пишман околу почитување на договорот за одржување на изборите на 12 април догодина. На нешто повеќе од половина од добиениот мандат на минатите избори, Владата треба да се самораспушти, свесна дека и очекувањата во јавноста беа преголеми и дадените ветувања прекрупни за да се остварат за нецели три години на власт во државата.

И ВМРО-ДПМНЕ ова добро го разбира и затоа инсистира на почитување на договорот за одржување на изборите на 12 април догодина, бидејќи основано се плашат (што никогаш не би го признале) дека нивниот сегашен рејтинг, каков и да е, може да е повисок од оној што би го имале идната година во ова време. За нив изборите, со право, се прашање на сега или никогаш!

Ваквите резултати за политичкото расположение во јавноста се основата за дискретните, но постојани укажувања од значајни меѓународни фактори дека на Македонија, по изборите, всушност, најмногу ѝ одговара формирање на некаква „концентрациона“, „широка“ влада, во која би влегле сите релевантни пост-изборни политички сили. Тоа, по оваа логика, би обезбедило стабилизирање на политичката клима во државата, врз основа на заеднички договорена агенда за неколкугодишно остварување на политики што би ги адресирале најважните реформски прашања за преговорите со ЕУ: од консолидирање на судството, до редефинирање на сите други системски области, како економијата, екологијата или образованието.

Ова звучи предобро за да може да се оствари. Конфликтноста меѓу нашите сегашни политички елити, со добри причини, е преголема за да може да се очекува доброволна, постизборна соработка врз евентуална заедничка владина платформа. А, ако таа сепартиска кооперативност не може „органски“ да се обезбеди, тогаш дури и да се натури со некаква „виша сила“ однадвор, нема да функционира и само ќе предизвика уште неколку напразно потрошени години.

Сепак Македонија, во секоја смисла, не е Германија, каде ЦДУ и СПД би седнале во иста влада, заради заедничкиот интерес на мнозинството граѓани.

Впрочем, рака на срце, овој Заев отиде најдалеку од сите досегашни политички лидери во демократската историја на Македонија нудејќи, со неверојатни лични и партиски морално-политички акробации, помирувања и простувања и лево и десно и горе и долу и напред и назад, само за да се остварат најкрупните, историски, евро-атлантски интереси на државата. Со високо платена политичка цена за самиот Заев – Македонија стана членка на НАТО и отиде најдалеку што се може во започнување на преговорите со ЕУ.

Тоа, на крајот – од сегашен агол на гледање на предизборната атмосфера – веројатно и ќе му обезбеди тесна победа на следните избори. Но, што дека? Мнозинството граѓани не му веруваат ни нему, а уште помалку на опозицијата. Бездруго, таквата атмосфера само ќе се влоши на 13 април.

Нешто, од поодамна, е гнило во државата Македонија, што никако, во изминатите триесетина години, по толку многу редовни и предвремени избори, не успеваме да го поправиме… Тоа, се рзбира, нема да се случи ни на следниве избори.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ