„Новиот пакет има за цел да обезбеди одржливост на домашните економски дејности и на работните места, да закрепне одредени дејности, да обезбеди стабилност на социјалните транфери и да обезбеди политики кои ќе помогнат во спроведување на брз излезна стратегија кога кризата ќе заврши за да продолжиме со позитивните трендови на новата развојна македонска економија. Поддршката за граѓаните и стопанството продолжува и никој нема да биде изоставен. Ги имаме предвид сите дејности и сите компании“, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција по завршување на 6 владина седница промовирајќи го Четвртиот пакет економски мерки.
„Како прва пд пакетот 4 ја издвојувам мерката поддршка на исплата на плати за три месеци во вредност од 70 милиони евра… Новост во оваа е мерка е што поддршката ќе биде одредена скалесто согласно падот на приходите кај компаниите. Колку е поголем падот на компаниите опфатени со оваа мерка, толку поголема ќе биде помошта од државата за испалта на платите и таа ќе се движи од досегашните 14.500 денеари поддршка и помош по вработен, до 21.776 денари поддршка и помош по вработен “, изјави Заев.
Четвртиот пакет мерки опфаќа и грантови од 3.000 до 10.000 евра за ресторани за свадби во висина до 1 милион евра и тоа за остварен промет од 1.000.000 денари за 2019, грант од 3.000 евра, за остарен промет од 1 милион до 2.500.000 во грант од 5.000 евра, од 2 милиони и 500 илјади до 5 милиони, грандт од 8.000 евра и за остварен промет над 5 милиони денари следува грант од 10.000 евра, за сите регистриани и лиценцирани правни субјекти за оваа дејност, најави Заев.
Заев најави дека со Четвртиот пакет мерки се опфатени и околу 1.000 игротеки за деца за кои се обезбедени грантови во висина од 1.000 до 5.000 евра во зависност од остварениот промет во 2019 година. Односно за оваа мерка се одвоени 2.5 милиони евра.
Четвртиот пакет кој го усвои Владата на денешната седница е во вкупна вредност од 470 милиони евра.