• Latest

Заев до Милошоски: Лажете и ја злоупотребувате собраниската говорница

July 25, 2019

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев до Милошоски: Лажете и ја злоупотребувате собраниската говорница

Пратеникот Антонио Милошоски го обвини премиерот дека неговиот новоизбран надворешен советник Љупчо Зафировски на Заеви им извезувал произовди надвор од државата

July 25, 2019 14:13
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска од собраниската говорница порача дека нема да дозволи да се креираат и кажуваат лаги за да се исполнат одредени стратегии, јавува МИА.

Тој му порача на пратеникот Антонио Милошовски од ВМРО-ДПМНЕ дека лаже, откако овој го обвини оти неговиот надворешен советник Љупчо Зафировски е избран за советник, бидејќи им помагал на фирмите на Заеви да извезуваат производи надвор од државата.

„Лажете, бесрамно лажете. Да кажете дека Љупчо Зафировски е советник затоа што соработувал со Заеви е лага. Конкретна и прецизна лага, но неможете да си креирате приказни и преку лаги и невистини да зборувате одредени тези кои треба да исполнат некои ваши стратегии“, рече Заев на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.

Тој додаде дека има право да ангажира кого сака во својот Кабинет.

„Ми замерувате за советник, кој го плаќаме 1.200 евра. Па, на Влатко Ѓорчев сопругата за 1.800 евра ја ангажиравте“, рече Заев.

Тој ги демантираше и обвинувањата од Милошоски дека во неговиот кабинет дошол белорускиот амбасадор во врска со случај во кој на бизнисмен од Битола, кој добил тендер да работи со РЕК Битола, му биле побарани 250 илјади евра.

Премиерот ги повика сите оние кои имаат аргументи за некаков рекет, тоа да го пријават кај надлежните органи.

„Многу дрско се злоупотребува говороницата за да се лиферуваат теми и да се конектираат со актуелни случаи, како што е случајот „Рекет“. Ако има ваков случај, тогаш тоа е обврска на секој граѓанин да го пријави, а посебно на пратеник. Креирањето на вакви амбинети ниту ќе ви помине, ниту ќе дозволиме да ви помине, затоа што сме чесна Влада. Нема да дозволам ниту мојата канцеларија, ниту мојот Кабинет да бидат ставени во ситуација, кога некој немајќи аргументи да ја критикува Владата, измислува случаи“, потенцира Заев.

Седницата за пратенички прашања ќе трае до 19 часот, бидејќи наместо во 11 почна во 12 часот поради обврски на премиерот. Редовната едночасовна пауза наместо во 14 часот, ќе почне во 15 часот.

Share12TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ