• Latest

Заев: Доколку имало пропусти, одговорност за случајот со Мијалков ќе има

March 1, 2021
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Истражна комисија на ОН: Израел извршил геноцид врз Палестинците во Газа

September 16, 2025

Стојанче Ангелов „по кратка постапка и на сила ќе ги сели Ромите од Вардариште“ – Шукова со реакција: Ова е врв на нечовечноста и го открива вистинското лице на оваа власт

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CNBC Television

Бесент: Европа мора „да го направи својот дел сега“ пред САД да воведат царини за Кина поради руската нафта

September 16, 2025

ВЛЕН: Државен приоритет на Меџити и Фетаи е да ја затворат дивата депонија во Никуштак

September 16, 2025
Фото: Скринчот од видео на Влада на Северна Македонија/ Фејсбук

По признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, од СДСМ бараат Мицкоски да одговара за ширење страв и паника

September 16, 2025

Ужас во Велес: Ја убил поранешната девојка и татко ѝ, па се самоубил

September 16, 2025
Фото: Доналд Трамп/Truth Social

САД, по наредба на Трамп, уништиле венецуелски брод за дрога, убивајќи три лица

September 16, 2025

На пратеникот на Левица, Сашко Јанчев му се одземени пасошот и возачката дозвола поради сообраќајката во скопско Марино

September 16, 2025

Пожар рано утрово во сервис за возила пред Пинтија

September 16, 2025
Пожар избувна од рафинеријата за нафта Кириши во руската Ленинградска област по пријавениот украински напад со беспилотни летала на 14 септември 2025 година. Фото: Генералштаб на украинската војска/Телеграм

Украински дронови нападнаа голема руска рафинерија во Ленинградската област, клучната единица го запре производството

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Доколку имало пропусти, одговорност за случајот со Мијалков ќе има

March 1, 2021 13:32
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Реков дека одговорност за случајот со Сашо Мијалков ќе има, без разлика што со сите чекори што ги презедоа институциите го принудија да се пријави пред правдата и да го прими решението за притвор, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

– Исто така, охрабрив да продолжи истрагата за евентуална одговорност. Истрагата нормално ја водат обвинители. Логично, од средата наваму по откривањето на Сашо Мијалков, истрагата да биде распоредена кај некој обвинител, да види дали системот имал некаде слабости, некои пропусти или слично и да ги оквалификува и окарактеризира од каков тип и природа се. Тоа секако е со цел да не се повторуваат одредени слабости, доколку постоеле, нагласи Заев одговарајќи на новинарско прашање на денешното промовирање на новиот изглед на Универзалната сала во Скопје.

Тој додаде дека за тековна истрагата повеќе детали ќе може да каже Јавното Обвинителството, кое и го води целиот случај околу „бегството“ на Мијалков и класифицирањето и систематизирањето на неговиот имот.

Запрашан дали има „префрлање на топката“ меѓу Јавното обвинителство и одредени министри околу овој случај, Заев рече дека ЈО добило информацијата за можно бегство на Сашо Мијалков и соодветниот јавен обвинител го соопштил тоа на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и на другиот министер надлежен во тој дел – министерот за правда Бојан Маричиќ.

– По информации дека е можно бегство на Сашо Мијалков, во саботата, кога веќе е тоа потврдено, јавниот обвинител се јавува на министерот за внатрешни работи, при што јавниот обвинител е самостоен во ваквата постапка. Доколку има такви информации, логично е, како и што постапил, да бара и од самиот Суд изрекување на мерка притвор, додаде Заев, истакнувајќи дека барањето е поднесено „некаде околу 14 часот, а некаде околу 18:30 Судот носи мерка за домашен притвор“.

Околу одговорноста на министри за целиот случај, премиерот нагласи дека Владата не испитува одговорност во сопствените редови, заради тоа што нејзините членови „може да бидат пристрасни меѓусебе“.

– Јавното обвинителство е тоа што води истрага со сите елементи. Заради тоа што тоа е независен дел од работењето на системот и за да ни покаже точно каде имало пропусти, доколку секако постоеле пропусти, додаде Заев.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ