• Latest

Заев: Европа чувствува дека мора да направи исчекор за Северна Македонија

May 19, 2021

Стојанче Ангелов „по кратка постапка и на сила ќе ги сели Ромите од Вардариште“ – Шукова со реакција: Ова е врв на нечовечноста и го открива вистинското лице на оваа власт

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CNBC Television

Бесент: Европа мора „да го направи својот дел сега“ пред САД да воведат царини за Кина поради руската нафта

September 16, 2025

ВЛЕН: Државен приоритет на Меџити и Фетаи е да ја затворат дивата депонија во Никуштак

September 16, 2025
Фото: Скринчот од видео на Влада на Северна Македонија/ Фејсбук

По признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, од СДСМ бараат Мицкоски да одговара за ширење страв и паника

September 16, 2025

Ужас во Велес: Ја убил поранешната девојка и татко ѝ, па се самоубил

September 16, 2025
Фото: Доналд Трамп/Truth Social

САД, по наредба на Трамп, уништиле венецуелски брод за дрога, убивајќи три лица

September 16, 2025

На пратеникот на Левица, Сашко Јанчев му се одземени пасошот и возачката дозвола поради сообраќајката во скопско Марино

September 16, 2025

Пожар рано утрово во сервис за возила пред Пинтија

September 16, 2025
Пожар избувна од рафинеријата за нафта Кириши во руската Ленинградска област по пријавениот украински напад со беспилотни летала на 14 септември 2025 година. Фото: Генералштаб на украинската војска/Телеграм

Украински дронови нападнаа голема руска рафинерија во Ленинградската област, клучната единица го запре производството

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Израел го ескалира бомбардирањето, министерот за одбрана вели дека „Газа гори“

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Европа чувствува дека мора да направи исчекор за Северна Македонија

May 19, 2021 14:29
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter
Премиерот Зоран Заев по синоќешната вечера со шефот на ЕУ дипломатијата и лидерите од западен Балкан, денеска имаше средба и со претседателот на Европскиот Совет, јави дописничката на МИА од Брисел.

Премиерот од средбата со шефот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, излезе задоволен нарекувајќи ја „прекрасна“. Мишел како претседавач на телото каде заседаваат шефовите на држави и влади има привилегиран пристап до сите земји членки и премиерот Заев изрази увереност дека Мишел има разбирање и волја за вистински исчекор во однос на Северна Македонија на претстојните јунски совети на ЕУ кога конечно се очекува свикувањето на првата Меѓувладина конференција, доколку се надмине блокадата на Бугарија.
„Претседателот на Европскиот Совет е всушност премиерот на една влада составена од европските лидери на земјите членки и разговаравме детаљно како што разговаравме и вчера на вечерата со високиот претставник за надворешна политика и безбедност, господинот Борел. Заклучокот е дека Европа си го чувствува проблемот и обврската дека конечно мора да направи исчекор, секако доминантно заради Северна Македонија којашто чека 16 години, која има преку дваесетина вета и навистина е на врвот со извршување на реформите, потврдено во сите извештаи и сме модел на европски начин на решавање на проблемите. На крајот треба Европа да испорача само пола чекор, затоа што ние имаме одлука за почеток на преговорите, не е за поглавјата туку е за првата Меѓувладина конференција“, изјави премиерот Заев за МИА по средбата со Шарл Мишел.
Македонскиот премиер нагласи дека лидерите „ќе бидат доволно фокусирани на изнаоѓање на решение за таа 27-ма членка да ја придобијат во одлуката.“
„Секако идејата е да видиме португалското претседателство, коешто разработува предлози, до крајот на неделата веќе ќе бидат во регионот. Со време се фаќа работата, уште е мај месец. Верувам дека имаме доволно време до Советот на општи работи каде се носи одлуката“, рече Заев.
Како позитивна порака, шефот на владата го издвои фактот што тензиите меѓу Северна Македонија и Бугарија се спласнати.
„Јас верувам дека бугарскиот народ како и македонскиот сакаат пријателство, сакаат позитивни исчекори и јас како еден од лидерите во Северна Македонија го чувствувам тоа. Верувам дека и лидерите во Бугарија го чувствуваат тоа затоа што е наша обврска да ја отвориме иднината“, рече Заев за МИА.
Вели дека верува во креативноста и неговите колеги во ЕУ за да се дојде до решение.
„Сите овие четири години имајќи ја честа да се среќавам со сите овие европски лидери, овојпат чувствувам навистина нивна подготвеност, верувам дека ќе бидат креативни во оние идеи коишто ги разработуваат, ги разгледуваат, тоа е нивна работа, не е моја да ја коментирам, веројатно ќе ја слушнете во текот на целиот овој процес. Се разработуваат идеи, што е уште еднаш потврда дека  се комплетно фокусирани и сакаат да направат чекор затоа што ја отвораат и овде во ЕУ дискусијата дали навистина ЕУ останува посветена на проширувањето према западен Балкан и мора да дадат одговор на овие прашања“, додаде премиерот.
На прашање дали постои повторно некаков ризик од расцепкување на процесот на започнување на преговорите со ЕУ како што и во минатото ЕУ тоа го правела со Северна Македонија давајќи „датуми за датуми“, но без ефективно и формално започнување на долгоочекуваните преговори за членство, Зоран Заев е одлучен дека ова ниту е можно, ниту е прифатливо за македонската страна.
„Ова е толку мал чекор што колку и да цепкаш е малку. Прва Меѓувладина конференција е симболика, после доаѓа скрининг, па првите поглавја, значи три до девет месеци некаде, нема овде што да се цепка, ниту да има датум за датум, па одлука за одлука, не верувам и не треба. И ако се размислува секако не е прифатливо за нас тоа. Треба да имаме чиста одлука затоа што зборуваме за прва Меѓувладина конференција. Секој пат можеме да реферираме  за исполнување на договорот со Бугарија, за Преспа, за исполнување на нашите реформи, но верувам дека ќе имаме сериозен фокус од сите. Секако постои една резерва, тоа треба да го знаат нашите граѓани, секогаш сум го споделувал. Техничка влада е во Бугарија, да не ги дигнеме очекувањата па да бидеме сите разочарани. Јас се спремам да направам се, претседателот Пендаровски исто така, министерот за надворешни работи исто така, ќе направиме се, но очекувањата не смееме да ги дигнеме високо за да не се разочараме. Затоа овој прозорец на можност што треба да се искористи благодарение на фокусот на претседателството на Португалија, на земјите членки, на европските институции и верувам дека час поскоро ќе имаме решени проблеми за да зборуваме за поглавјата 23 и 24“, одговори премиерот Заев.
Тој дава поддршка и за иницијативата на седумнаесетте европратеници кои предлагаат западен Балкан да биде вклучен во целокупната стратегија на вакцинација на ЕУ за да не се остави простор за трети сили да го заземат тој простор и за да се врати довербата на граѓаните од регионот во Европската Унија.
„Како што и зборевме денеска со претседателот на Европскиот Совет ние сме остров внатре во ЕУ, заобиколени сме од земји на ЕУ, нема решавање на пандемијата во Белгија, Бугарија, или Унгарија без решавање на пандемијата во земјите на западен Балкан. Даваме сериозна поддршка на вакви иницијативи затоа што сме исти“, рече Заев.
Тој нагласи дека Северна Македонија дава поддршка и за вклучување во Конференцијата за иднината на Европа.
„Како што објаснив тука, идеите се некој пат покреативни од тие што допрва сакаат да станат земји членки на ЕУ отколку на тие што се внатре. Ние сме посветени комплетни на ова, нашиот млад народ има доста креативни идеи, може да помогне во дизајнирање на целокупниот убав имиџ на ЕУ како најуспешен светски проект. Да се направи едно освежување на оваа работа“, кажа премирот.
Истакна дека добил потврда за некаков вид вклученост во оваа Конференција.
„Изразија потврда дека ќе бидеме вклучени, макар на ниво на идеи, но ние сме вклучени во JUST Transition, во дигитализацијата, во сето тоа што Европа го диксутира, дали е правосудство, дали е борбата против корупијата, унапредувањето на здравствените системи, тоа што се случува во европските земји се случува и кај нас и верувам дека сите дизајнирања на плановите за иднината на ЕУ ќе бидат заедно со Северна Македонија и западен Балкан“, рече Заев во изјава за МИА во Брисел.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ