• Latest

Заев: Граѓаните ќе бидат уверени дека сме на вистинскиот пат

June 1, 2018

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Граѓаните ќе бидат уверени дека сме на вистинскиот пат

June 1, 2018 13:54
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието во рамки на 49. седница денеска ја почна расправата за избор на нови министри. Премиерот Зоран Заев во своето експозе истакна дека Македонија е на вистинскиот пат, се движи во добра насока и оти во тоа ќе бидат уверени сите граѓани знаејќи дека ни претстојат сериозни реформски активности и реализација на  големи одлуки од пресудно значење за земјата.

– Зад нас е точно една година од работата на Владата на РМ. Ја оставаме зад нас длабоката политичка криза со отворање на длабоки сериозни реформски процеси за да ја вратиме довербата во институциите и демократскиот амбиент, рече Заев, кој потенцира дека Македонија од земја во изолација со политички тензии стаса до реално членство во НАТО и за сосема извесен датум за преговори со ЕУ.

За него, кажа се разбирливи критиките што произлегуваат од високите очекувања, и оти критиката ја сфаќа како можност за корекција на власта. За структурини реформи какви што започна оваа Влада, кажа Заев, неопходно е малку повеќе време имајќи ги предвид последиците од разурнатиот систем.

– Системот го регенериравме од внатре во самите институции, рече премиерот.

Тој изрази задоволство од постигнатото и посочувајќи дека Владата работи согласно околностите во кои се најде и во кои се наоѓа Република Македонија.

– Ги уверувам граѓаните дека сме на вистинскиот пат, се движиме во добра насока, и во тоа ќе бидат уверени сите граѓани на нашата земја знаејќи дека ни претстојат сериозни реформски активности, реализација на  големи одлуки од пресудно значење за РМ. Еден добар период поминавме и во консолидација на политичкиот амбиент, во создавање на услови за јакнење на парламентарното мнозинство да создадеме колку што е можно поголемо одобрување и прифаќање на одлуките што ни доаѓаат многу скоро, рече Заев.

Ова се одлуки,  кои ја определуваат иднината и историјата на нашата заедничка држава.

– Во овој дом на демократијата наскоро ќе бидат ставени на одобрување  одлуки кои за РМ ќе донесат повеќе надеж, благосостојба и просперитет на сите нејзини граѓани. За да тргнеме со цврсти и сигурни чекори во новите претстојни реформски активности во реализација на големи одлуки што стојат пред нас со јакнење на парламентарното  мнозинство и ја прошируваме партиципацијата на нови репрезенти на тоа мнозинство и во самата Влада. Истовремено го одржуваме и најважниот реформски процес во правосудството со една ротација што овозможува Министерството за правда да го преземе Рената Дескоска, објасни премиерот пред пратениците.

Заев ги образложи предлозите за министри да бидат Арбер Адеми за министер за образование, Асаф Адеми за министер за култура и Бардул Даути, за министер без ресор.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ оваа реконструкција е пазарџиска за пет-шест пратеници и козметичка без промена на министрите кои не донеле резултати.

Илија Димовски кажа дека ова што го прави денес Заев не е реконструкција на Владата, која треба да опфаќа реално признавање  на грешките и слабостите.

– Со ова не го правите тоа. Единствено се обидувате да вклопите неколку помалки албански партии, рече Димовски, според кого во повеќето ресори нема резултати.

Премиерот Заев реплицираше дека го разбира тоа што го зборуваше пратеникот бидејќи доаѓа од опозициска партија, потенцирајќи дека кога зборувал за сомнеж за корупција се однесувало на членови на извршан власт, а не за министри или за заменици министри. Побара да не му се извртуваат зборовите и потенцираше дека стои зад се што кажал и оти резултатите за граѓаните се видливи. Кажа дека сега од позиција на премиер понекогаш се воздржува и внимава на зборовите што ги користи.

– Драго ми е што почнавме дијалог за реформите што првите чекори заедно ги направивме. Реформите почнаа во судството, во безбедсносниот сектор, се надевам ќе продолжат во медиумите овде (во Собранието) каде што застанаа…, кажа премиерот.

Според Драган Данев, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ оваа влада во меморијата на граѓаните ќе остане запаметена како „ќе влада“, за граѓаните да веруваат дека реформите ќе се случат. За него оваа реконструкција е козметичка, а не суштинска бидејќи не се менуваат министрите кои не постигнале резултати.

– Не бива напредок со козметика. Имате тим што за една година не постигна ништо, рече Данев, кој зборуваше и за забелешките за реформите во документот неодамна објавен, но и за рејтинзите на власта.

Горан Мисовски, пратеник од НСДП и потпретседател на Собранието му порача на Данев дека пред да почне да зборува за криминал и корупција треба да се огради криминалот на претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и оти затоа актуелниот лидер на партијата Христијан Мицковски и партијата го имаат сегашниот рејтинг.

По изборот на нови министри, ќе следува гласање за заменици министри. Предложени се за заменик – министер за надворешни работи Андреј Жерновски, за заменик министер за здравство Асим Муса, за заменик министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и за транспорт и врски Садик Беќири.

Како нови коалициски партнери во Владата влегуваат крилото на Беса на Африм Гаши и ДПА, кои имаат министерски места, како и Сојузот на Ромите.

Претходно пратениците изгласаа одлука за распишување оглас за избор на членови на ДИК.

Tags: владаЗоран Заевнови министриСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ