СДСМ и ДУИ постигнаа коалициски договор за создавање на парламентарно мнозинство и состав на новата Влада со полн мандат, соопшти мандатарот Зоран Заев. Тој вели дека во следните 4 години ќе работи посветено на интересите на државата.
„Дел од принципите на кои се темели новиот коалициски договор се: Одговорни и отчетни кадри за сите ресори, рамноправно учество на мажи и жени во извршната власт, нема да се предлагаат министри без ресор, јакнење на економскиот стандард, неселективно борба со криминалот и корупцијата на сите нивоа, проверка на имотот на функционерите и намалување на привилегиите, зголемувањена транспарентноста и отчетноста на сите нивоа на власта, заштитата на животната средина. Ќе се укине пржинската влада, ќе се измени изборниот модел, ќе се намали обемот на администрацијата за 20 проценти, а сите вработени по Рамковен договор ќе тргнат на работа“, изјави Заев, по средбата со Ахмети.
Договорот ќе биде претставен пред највисоките органи на СДСМ и ДУИ.
И лидерот на ДИУ, Али Ахмети истакна дека е постигнат договор за нова влада и на крај порача „Господ да ни е на помош“.