• Latest

Заев и Борисов: Продолжуваме понатаму да градиме пријателство, тоа го должиме на идните генерации

August 1, 2019
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев и Борисов: Продолжуваме понатаму да градиме пријателство, тоа го должиме на идните генерации

August 1, 2019 11:34
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Европа го препознава нашиот заеднички интузијазам, со кој на Балканот му дадовме навистина нов лик. Затоа земјите носители на Берлинскиот процес одлучија дека наредната година Бугарија, заедно со Северна Македонија, ќе бидат копретседавачи на процесот и кодомаќини на Самитот во јули 2020 година. Тоа е доказ за градењето на градењето на добрососедските односи и зрелост на повисоко ниво на соработка. Догодина, јас и мојот пријател и колега премиерот Борисов заеднички ќе ги пречекаме сите премиери од Берлинскиот процес, да разговараме за новите европски идеи, за иднината во Скопје и во Софија“, изјави премиерот Заев на заедничката прес-конференција со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, кој престојува во земјава по повод одбележувањето на двегодишнината од Договорот од Договорот за добрососедство, пријателство.

Премиерот Заев додаде дека двете земји имаат одлична соработка и дека навистина се радува на општествените иницијативи за решавањето на споровите на Балканот.

„Поттикнати од минатото и предизвикани од иднината, Северна Македонија и Бугарија, секој ден им покажуваме и на Балканот, Европа и светот, дека нашите предизвици можеме да ги решаваме преку разговори, почитување и трпеливост, без посредници. Постигнавме согласност и веќе заеднички чествуваме личности и настани од заедничката историја на нашите земји и народи“, рече Заев.

Заев, во однос на истористите прашања, двете држави досега решиле четири историски личности кои заедно се чествуваат и дека верува дека ќе се најде решение за Гоце Делчев.

„Гоце Делчев е личност и херој кој ги поврзува двата народи, затоа и во Северна Македонија и Бугарија продолжуваме да му оддаваме почит на големиот на големиот Делчев, преку јазикот на заемното разбирање, заеднички со нашите блиски пријатели, кои споделуваат слични чувства, вредности и цели“, додаде Заев.

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, изјави дека во овие две години се извршиле добри работи кои претходно биле незамисливи, со заедничките напори и дека со пријателството на државите се овозможила огромна перспектива за Северна Македонија, кон патот за Европа.

„Се надевам дека историчарите нема да попречуваат и ќе вложат огромни напори за да го најдат правилното изразување на историјата што ќе не обединува, како што рече премиерот Заев, заедно да можеме да се поклониме на нив“, рече Борисов.

Борисов додаде дека од интерес на Бугарија е Македонија да влезе во НАТО и дека ќе ја имаме комплетната поддршка.

„И од наш интерес е Македонија да биде во НАТО. Се склопуваат пријателства и треба да имаме просперитет и високи придобивки. Србите се братски народ, а исто така и за Грција. Зошто да рушиме споменици? Во Бугарија има повеќе од 4500 споменици. Овие споменици треба да бидат тука. Ние треба да градиме заедно железнички, а комисиите треба да разберат дека имаат историска задача и да ја остават историјата, за до октомври да се завршат овие теми“, додаде Борисов.

Борисов се извини што неодамна граѓаните на Северна Македонија ги нарече „северномакедонци“.

„Извинете што кажав северномакедонци, тоа беше моја грешка. Граѓаните на Република Северна Македонија, простете, но несакајќи го кажав тоа“, изјави Борисов.

Премиерите Заев и Борисов по заедничката прес-конференција, заминаа во црквата „Св. Спас“ каде ќе се поклонат и ќе положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев.

Бугарскиот премиер во Скопје ќе има средба и со претседателот Стево Пендаровски.

Предвидено е Борисов и Заев потоа да заминат за Дојран каде што ќе положат цвеќе на споменикот на полковник Константин Каварналиев.

А. П. 

Share70TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ