• Latest

Заев и Гир: Дебатата за личните карти е отворена, но императив е усогласување со европското законодавство

February 20, 2021
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев и Гир: Дебатата за личните карти е отворена, но императив е усогласување со европското законодавство

February 20, 2021 15:12
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Прашањето за личните карти во Европската унија е на ниво на националните законодавства на земјите членки, но во август 2021 година стапува во сила Општата регулатива за заштита на податоците – ГДПР, согласно која процесирањето на информации како што се етничка и религиозна припадност се забранети. Кај нас дебатата за правото на граѓаните доколку сакаат на својата лична карта да имаат и етничка припадност е отворена, а како земја кандидат за членство во ЕУ императив е усогласување на домашното законодавство со европската регулатива.

Ова го порачаа Евроамбасадорот Дејвид Гир и премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали вметнувањето на етничката припадност во личните карти е спротивно на европското законодасвтво, по отворањето на Европската куќа денеска во Струмица.

Евроамбасадорот Гир, рече дека релевантната легислатива за тоа спаѓа во делот на Општата регулатива за заштита на податоците – ГДПР, согласно која процесирањето на информации како што се етничка и религиозна припадност, како и дрги елементи се забранети.

„Во моментот во ЕУ, прашањето за личните карти е на ниво на националните законодавства на земјите членки, и тоа ќе продолжи да биде така, но во август 2021 година ќе стапи во сила Општата регулатива за заштита на податоците, што ќе биде на ниво на ЕУ“, изјави Гир.

Евроамбасадорот, нагласи дека Република Северна Македонија е во процес на усогласување на нејзината легислатива со стандардите на ЕУ и има добар напредок во тоа.

„Тоа е особено важно, бидејќи откако ќе почнат преговорите, фокусот ќе биде на сите детали во усогласувањето на националното законодавство со правилата и стандардните на ЕУ и ќе биде особено важно двете законодавства да бидат хармонизирани“, изјави Гир.

Премиерот Зоран Заев, рече дека јавно ги соопштиле своите ставови и стојат на нив, посочувајќи дека како што одговори и евроамбасадорот Гир, тоа е прашање што го регулира националното законодавство.

„Кај нас е апсолутно дадено право на национално ниво како ќе го регулираме. Затоа и ги кажуваме своите ставови по однос на ова прашање. Мене ми е драго што и најголемата опозициска партија и другите политички партии се на линија на правото на определба, да граѓаните се изјаснат доколку сакаат на својата лична карта да имаат и етничка припадност. Но, како земја кандидат за членство во ЕУ, императив секојпат е усогласување на домашното законодавство со европската регулатива“, изјави Заев.

Така што, посочи Заев, во август или октомври, кога и да почне ЕУ да дебатира по ова прашање и ние ќе се вклучиме.

„Секако на крајот ги следиме сите европски одлуки и регулативи, затоа што сакаме и да бидеме членка на ЕУ. Дебатата ќе биде отворена, секако во консултации и координации со европската делегација во Скопје и со Европската комисија во Брисел ќе ги носиме ваквите одлуки во зависност од тоа во кој правец ќе бидат донесени одлуките на ниво на ЕУ“, изјави Заев.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ