• Latest

Заев: Институциите покажаа капацитет и Мијалков немаше друг избор освен сам да се пријави во ОЈО

February 24, 2021
Генералштабот на Украина пријави напад врз аеродромот Борисоглебск во југозападната Воронешка област, Русија, на 5 јули. Фотографија: Генералштаб / Фејсбук

Украински напад со дронови врз руска воздухопловна база погоди складиште за бомби, авиони – откажани летови на неколку руски аеродроми 

July 6, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск основа нова политичка партија, ја нарече „Американската партија“

July 6, 2025
Тексашаните се соочуваат со последиците од поплавите Фото: Скриншот од видео на ВВС

Потрагата по исчезнати лица  во Тексас продолжува, во ненадејните поплави загина 51 лице, вклучувајќи 15 деца

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на Fox News

Трамп вели дека Путин „сака да продолжи да убива луѓе“, сигнализира испраќање ракети Патриот во Украина

July 6, 2025
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Институциите покажаа капацитет и Мијалков немаше друг избор освен сам да се пријави во ОЈО

Премиерот Заев нагласи дека институциите покажаа дека учиме од бегството на Груевски и дека, како што рече, можеме да постапиме кога сакаме сите до крај заради тоа што се создава можност системот да блокира криење, бегање или какви било други активности. Порача дека за Обвинителсвото и Суддот пријавување на Мијалков не треба да се сметаат за олеснителна околност, ниту за овој ниту за друг случај, затоа што не треба да се заборави дека тој не беше достапен до правосудните органи и полцијата.

February 24, 2021 09:16
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Успешно завршен случај на државата. Без закани, туку со преземени координирани акции и постапки на институциите Сашо Мијалков се пријави сам во обвинителството, ваква оценка даде премиерот Зоран Заев за преземените активности за пронаѓање на Мијалков кој е обвинет во предметот „Таргет-Тврдина“ и кој во попладневните часови се јави во обвинителството.

Премиерот потврди дека санува збор за бегство на Мијалков, затоа што, како што рече, бегство е кога нема да го најдете на домашната адреса, на телефоните, членовите на семејството не знаат каде е, и тоа е бегство.

-Денеска чукнавме на маса. Институциите покажаа капацитетност. Самите институции не го најдоа Сашо Мијалков, но заради тоа што нападнаа блиски, по имот, по се што има, тој се пријави во обвинителството. Тој е принуден да се пријави и да не продолжува да се крие и да бега, затоа што инсититуциите постапија согласно закон. Ние сме слободна држава каде правата и слободите се загарантирани, на секој, се додека не е осуден со правосилна судска пресуда, истакна премиерот.

Според него, институциите покажаа дека учиме од бегството на Груевски и дека, како што рече, можеме да  да постапиме кога сакаме сите до крај заради тоа што се создава можност системот да блокира криење, бегање или какви било други активности. Порача дека Обвинителсвото и Суддот неговото пријавување не треба да се сметаат за олеснителна околност, ниту за овој ниту за друг случај, затоа што не треба да се заборави дека тој не беше достапен до правосудните органи и  полцијата.

Најави доследно испитување на одговорноста и потенцира дека правдата е обезбедена и дека ќе ја има почесто и ќе следува ваков одговор на институциите.

Посочи на тоа дека станува збор за различен случај од оној на Груевски, кој, како што рече, имаше помош и од друга дражава која му даде азил.

-Дефинитивно иститот момент на бегството значеше напуштање на државата, што овде не е случај. Учиме од претходното. Беа блокирани сите граници. Во неделата на излез и влез од Скопје имаше комплетни контроли за се. Зелените појаси покрај Куманово и Косово беа блокирани. Тоа е школото на созревање на самиот систем. Дефинитивно покажуваме дека имаме институции спремни, дека тие можат да постапат, кога сите ќе се втурнеме во делокурогот на своите надлежности, тоа што законот го дозволува, без да нарушуваме, никакви слободи и права. Затоа што ако тргнете да притворате, плените, слушате телефони, без судска нареба, тогаш правиме многу поголем зло отколку самото сочувување на потенцијален бегалец или некој што се крие, рече премиерот.

Тој посочи дека истрагата треба да покаже зошто при спроведување на судската наредба Мијалков не е најден дома и оти ќе бара одговорност.

Наведе дека Сашо Мијалков е еден од луѓето кои се гонат по неколку предмети и дека во државата која, како што потенцира, беше режим со огромни украдени пари, успеавме за три години како систем да ги финишираме процесите да дојдат до казни и до изрекување пресуди. Се случуваат пресуди по постапки на СЈО. Проблемот е заради тоа што ни избега Груевски и секако нема да се откажеме се додека можеме да се врати и да одговара. Системот е веќе поспремен и тој реагира, рече Заев.

Тој додаде дека дефинитивно владеење на правото е императиви, а сите тези што се пласираат за некакво договарање се отстранети.

-Владата ја заврши својата работа, бараа оставки, денеска направивме комплетно докажување на сите неаргуметнирани опозициски тврдења и ова го кажувам заради опозицијата за да може да биде јасно утврдена вистината, рече Заев.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ