• Latest

Заев-Јовановиќ: Висок степен на пријателство и соработка меѓу Северна Македонија и Србија

July 7, 2021

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев-Јовановиќ: Висок степен на пријателство и соработка меѓу Северна Македонија и Србија

July 7, 2021 11:50
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Невена Јовановиќ, новоименува амбасадорка на Република Србија во нашата држава, со која заеднички констатирале дека постои одлична билатерална соработка помеѓу двете пријателски држави и оти тоа е добра основа за продлабочување на економските односи.

Како што соопшти владината прес-служба, заеднички било оценето и дека можностите од инфраструктурното поврзување помеѓу двете држави значат отворен простор за развој на економијата и на инвестицискиот амбиент, што носи економски придобивки за граѓаните на двете земји.

Во таа насока е потенцирано значењето на регионалното економско поврзување и на создавањето заеднички регионален пазар, којшто може да биде конкурентен на европските пазари и пошироко на меѓународен план, се вели во соопштението.

На состанокот биле изразени честитки до премиерот Заев и до Владата за организацијата на „Преспа форум дијалог“, на којшто, како што било оценето, Северна Македонија и лично премиерот Заев се признаени како кредибилни партнери во регионот и во меѓународни рамки.

„Во однос на евроинтеграциските процеси во регионални рамки, потенцирано е значењето на продолжувањето на проширувањето на Европската Унија, како и на потребата од потврдување на довербата кон ЕУ, кон којашто целат сите земји од регионот, со проценка дека е опасен преседан, со пошироки последици на регионален план, дозволувањето навлегување билатерални прашања во преговарачките процеси“, велат од Владата.

Амбасадорката на Србија, притоа, пренела јасна поддршка од Република Србија за европските перспективи на Република Северна Македонија и на почетокот на преговорите со ЕУ.

„Покажавме дека Западен Балкан може да биде извор на демократија и на стабилност и треба да продолжиме да се развиваме на економски план и почитувајќи ги европските вредности, со што ќе придонесеме во реализацијата на нашите евроинтеграциски цели“, рече Заев.

Тој упати искрена благодарност до политичкото раководство на Србија и до граѓаните на Србија за покажаната солидарност и донираните вакцини за лекарите и медицинскиот персонал во нашата држава, во најспецифичните моменти за време на пандемијата, како и за тековниот процес на вакцинација што Србија го овозможи за граѓаните. Благодарност била изразена и од страна на српската амбасадорка Јовановиќ за поддршката од македонска страна во меѓусебната соработка, во првите месеци од пандемијата, како и за ослободувањето на српските граѓани кои патуваа летово низ нашата држава, од плаќањето патарини.

На состанокот се зборувало и за реализацијата на повеќе билатерални прашања, како што е отворањето на културно-информативните центри во двете држави, интересот за воспоставување реципроцитет за стекнување сопственост на приватен имот, унапредувањето на системот една гранична точка (Оne stop shop) што веќе е започнат.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ