Преку објава на официјалната Фејсбук страница, премиерот Зоран Заев најави дека партнерството со БЕСА ќе продолжи и на претстојните локални избори, споделувајќи фотографии од средба со лидерот на БЕСА, Билал Касами.
„Со претседателот на БЕСА, Билал Касами се согласивме дека партнерството во нашата коалиција ќе продолжи да се развива и на претстојните локални избори, за кои согласно спецификите на различните општини ги бараме и утврдуваме најдобрите кандидати кои ќе го дадат најдобриот резултат за нашиот народ“, напиша Заев.
Според премиерот, коалицијата СДСМ – БЕСА минатата година поставила нови стандарди во современото политичко дејствување во Северна Македонија. „Денес, оваа соработка е на уште повисоко ниво и дава одлични резултати низ работата на Владата“, се вели во Фејсбук постот на официјалната ФБ страница на премиерот Заев.