• Latest

Заев-Која: Важни се политиките на разбирање за напредок на домашен и меѓународен план

May 24, 2021

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев-Која: Важни се политиките на разбирање за напредок на домашен и меѓународен план

May 24, 2021 17:18
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Премиерот Зоран Заев, се сретна со Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На состанокот е разговарано за важноста на политиките на разбирање, со цел напредок на државата на домашен и на меѓународен план. Заеднички е констатирано дека е потребна посветеност од страна на сите политички субјекти во земјава, за ефикасно решавање на прашањата од полза на граѓаните и за функционален Парламент. Оценето е дека концептот „Едно општество“ за сите дава резултати и се изразени заеднички очекувања дека државата ќе продолжи да се развива во тој правец.

„Водиме инклузивни политики, со цел постигнување разбирање помеѓу етничките заедници во државата и помеѓу власта и опозицијата – за клучните прашања од полза за граѓаните. Фокусирани сме и на функционални добрососедски односи, во европски дух – не само поради нашите аспирации во евроинтеграциите, туку и како одговорна држава којашто сака да придонесува во регионалниот и светскиот мир, посебно како нова членка на НАТО“, рече Заев.
Заев, се заблагодари на ОБСЕ за континуираната поддршка на демократските процеси на нашата држава. Во таа насока, премиерот Заев соопшти дека е чест за Република Северна Македонија, што ќе претседава со ОБСЕ во 2023 година, за прв пат откако во 1995 година нашата држава стана членка на ОБСЕ. Тоа, како што оцени премиерот Заев е силна порака и дека нашата држава е дел од интернационалното семејство и најави дека довербата од нашите меѓународни пријатели ќе биде оправдана.
„Имаме искуства во развојот на мултикултурно општество, решавање на билатерални прашања, како што се Договорот од Преспа и Договорот за пријателство и добрососедски односи со Бугарија и ќе продолжиме да придонесуваме во регионалната соработка и светскиот мир“, рече  Заев.
На средбата е посветено внимание и на прашања од областа на изборното законодавство, при што премиерот Заев соопшти дека фокусот е ставен на препораките на ОБСЕ за унапредувања во оваа област. Исто така беше разговарано и за прашања од областа на економијата, екологијата, енергетиката, инвестициите, евроинтеграциите, во насока на натамошната демократизација на државата.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ