• Latest

Заев: Краткото и долгото име на државава, немешањето во внатрешните работи се конкретните чекори што ги побара Софија, верувам ќе ги сработиме до крајот на годината

September 22, 2021
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Заев: Краткото и долгото име на државава, немешањето во внатрешните работи се конкретните чекори што ги побара Софија, верувам ќе ги сработиме до крајот на годината

September 22, 2021 15:11
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Патоказот, краткото и долгото име на државава, немешањето во внатрешните работи и преговарачката рамка, којашто е работа на ЕУ со Бугарија, се конкретните чекори на коишто работиме и верувам ќе ги сработиме до крајот на годината, изјави денеска премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање кои се конкретните чекори што бугарскиот државен врв вчера ги побара од Скопје да ги исполни, на средбите со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

– Верувам дека сите овие месеци наназад градиме дополнителни пријателства, трговијата расте, имаме меѓусебни инвестиции во двете земји, соработката помеѓу институциите е се повидлива, инфраструктурата помеѓу двете земји се повеќе и повеќе се подобрува затоа што не е само правно формално што ќе се договори, туку важно е и да ја подобруваме севкупната соработка и инфраструктурното поврзување помеѓу двете земји, рече Вархеји.

Појасни дека е прво е потребно да има дипломатска нота во којашто ќе се опишува дека краткото име е исто со долгото име, односно Северна Македонија е исто со Република Северна Македонија, и оти немаме територијални претензии, дека не се мешаме во внатрешните работи, како и за малцинските права, посочувајќи дека поради тоа што тоа се граѓани на Република Бугарија и го имаат своите права како луѓе, како поединци да си ги бараат своите права како што е и во Република Северна Македонија, тоа организирано и во сите европски земји.

Тука, дополни, влегува и секторската соработка меѓу институциите од сите области, вклучително областа инфраструктура, образованието и труд и социјала, како и култура, спорт и здравство. Според Заев важно е и да се реагира и во спречување на говорот на омраза, пред се самите институции да водат грижа низ сите свои активности да градат пријателство, а не да провоцираат одредени непријателства, но и да делуваме со разговори, со апели, кога се работи за приватни субјекти.

Тој изрази подготвеност Бугарија да биде вториот партнер на државава, покрај Грција, којшто ќе се грижи за македонското небо.

Во однос на спомениците, Заев рече дека голем дел од спомениците што ги има и во Бугарија и во Северна Македонија треба да бидат во пријателски дух, така што, посочи, фашизмот не смее да има етничка димензија.

– Во одредени наши споменици веќе тоа е направено. Каде што стоело бугарски фашистички окупатор сега веќе е фашистички окупатор, затоа што не можете нација да обвините за тоа, за учество во третиот пакт во тоа време или слично. Така што во тој дел кај што прашувате за промена на називи, на музеи и слично не, немаме потреба. Нас музеите ни се во ред, туку одредени споменични целини, одредени учебници и во Северна Македонија и во Бугарија односно во двете страни ќе треба во духот на пријателството да ги учиме и следните генерации, рече Заев.

На новинарско прашање дали ќе се менуваат учебниците по историја, Заев рече дека нема, туку се зборува за термини каде што стои називот на пријателската нација, тоа е Бугарија поврзана со фашистичкиот окупатор. – Никаде во Европа не се спомнува името на нацијата, се спомнува фашистичкиот окупатор и во тој дух, во духот на пријателството, соработка и добрососедство нормално очекуваме тоа да се направи. Имаме препознаено одредени слабости и во бугарските учебници, спремни се исто така и од бугарската страна тоа да го направат оти така се гради пријателство затоа што ниту внуците и децата на генерациите наназад, ниту пак во тоа време можете да оквалификувате цела една нација за одредена определба, истакна Заев.  

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји беше во посета на Софија, каде што разговараше со бугарскиот државен врв, а тема на разговорите беше и евроинтеграцијата на Северна Македонија. Бугарскиот државен врв ја повторил позицијата на Бугарија во однос на прашањето кон Северна Македонија, барајќи од Скопје да покаже конкретни чекори и гаранции за исполнување на Договорот за добрососедство.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ