• Latest

Заев: Ме плаши порастот на евроскептицизмот, а со вакви одлуки и ЕУ тоа го овозможи

June 24, 2021
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Ме плаши порастот на евроскептицизмот, а со вакви одлуки и ЕУ тоа го овозможи

June 24, 2021 09:25
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Трети сили се обидуваат да вршат и вршат влијание, но прашањето е колку тоа ние ќе го дозволиме, изјави вечерва премиерот Зоран Заев во однос на прашањето дали овој период на неизвесност на евроинтеграциите ќе успее трета сила да го искористи.

-Мене ме плаши порастот на евроскептицизмот, како и одлуките на ЕУ кои тоа го овозможуваат. Чуму ни се извештаите за напредок, ако после 16 години не добиваме никаков напредок. Не ги омаловажуваме извештаите, многу ни се значајни, но вака ја губат смислата, рече Заев, во интервју во емисијата Топ Тема на ТВ Телма.
Тој истакна дека ќе остане резервиран во однос на надежите за напредокот.
-На 6 октомври има самит за време на словенечкото претседателство, треба да имаме надеж дека ќе се реши проблемот, но до тоа би дошло само другата страна да не бара изговори, рече Заев.
Откривајќи ги деталите од португалскиот предлог, тој кажа дека земјава имала обврска да и понуди патоказ на Бугарија, а во него биле опфатени сите области, образование, спорт, здравство, култура со конкретни рокови.
-Таму повторивме дека немаме територијални претензии. За нив не беше проблем „Република Македонија“, но „Република Северна Македонија“ сега е, нагласи Заев.
На прашањето за надминување на долготрајното бугарско вето и за остварувањето на евроинтеграциите на земјата и регионот, премиерот посочи дека и покрај искажаното трпение, понуден дијалог и пријателство, по повеќе од 16 години се чувствува резигнираност и кај политичарите во земјата, но и кај европските претставници заради недонесување одлука за почеток на преговори на Северна Македонија со Европската Унија.

-Дефинитивно да не може Европа да изнајде решение за ваква работа којашто во моментов е меѓу нас и Бугарија е лоша порака. Проблемот е никаков, истакна премиерот.

Тој информираше дека со Бугарија се разговара за Патоказ за спроведување на Договорот со Бугарија за кој нашиот сосед покажува незадоволство во однос на брзината  и ефикасноста на негово спроведување.

-Решението коешто Португалското претседателство го понуди за нас и за Бугарија е креирање на Патоказ за спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство. Во тој Патоказ ги има сите можни области, од спортот, до инфраструктурата, до културата, до младите до сите области, со конкретни рокови и со конкретно задолжени институции и тоа на 18 страни. Вториот дел е интензитетот на Комисијата за историско-образовни прашања, таму не можете да кажете што кога треба да одлучат, туку се работи за интензитетот на средбите, рече премиерот Заев.

Во интервјуто зборувајќи за посетата на Софија тој повтори дека не се откажува од својата намера, која како што подвлече е негова задача како премиер на државата, да го отвори патот на земјата кон Европската Унија, да се направи исчекор на овој пат, за да се надмине неправдата.

-Тоа што таму го адресиравме не можам да кажам дека не е задоволително за нив, задоволително е и за нас, затоа што е за нас. Останува не докрај решено прашањето за македонскиот јазик и за македонскиот народ од страна на Бугарија према нас, но чисто е од страна на ЕУ и сите земји и тоа е многу важно. Она што го очекувам во следниот период е секако прво резервираност затоа што двапати некој без сериозни причини донел одлука да стави вето и блокада на својот прв сосед што 16,5 години чека да направи следен чекор. Не можам да кажам дека треба да ги дигнеме сега очекувањата и еве дека сега дека ќе има избори во Бугарија и дека ќе се формира влада, рече Заев.

Во однос на јазикот и идентитетот, премиерот рече дека работата е чиста и оти ние имаме решение и ако се европејци и ако гледаат во иднината можат да го решат.

-Кога седиме тие викаат реалноста ние ја прифаќаме, Македонци со македонски јазик, признаени во светот, ратификувани во ОН. Обично викаат да ги видиме корењата. Корењата се работа на историчарите, ние затоа имаме историска комисија, рече Заев.

Зборувајќи за посетата на Софија тој рече дека целта било да се испрати порака на пријателство и да се намали говорот на омраза.

-Кога дојдовме и кај премиерот и кај претседателот ги објавивме сите детали од патоказот со сите овие адресирања што како ноти ги адресираме внатре за да побараме од нив поддршка. Ни беше кажано, ако ова се адресира, а впрочем е на линија на бугарската декларација, затоа што португалското претседателство и она што го адресира роудмапот, ги даваат одговорите на декларацијата во бугарскиот Прламент, така што самото португалско претседателство ги решава со унилатерални изјави каде што Бугарија вика дека за Бугарија македонскиот јазик е согласно Уставот, но за ЕУ е „преводот на акито ќе биде на македонски јазик“, рече Заев.

Причината тој, како што кажа, во овие околности, ја гледа во немањето парламент и политичка Влада.

-Тука е причината за ова, што ни дава надеж за денеска да имаме еден поинаков став, но не до крај. Ниедна земја не чекала како Северна Македонија што чека, повтори премиерот Заев потенцирајќи дека Северна Македонија 16,5 години чека на почеток на преговори со Унијата.

Заев истакна дека му е криво за целата оваа ситуација, но негова задача како претседател на Владата е да го отвора патот.

-Пораката која што ја испративме од таму (Софија) е да направиме исчекор. Знаевме, беше соопштено, и беа мали веројатностите дека ќе добиеме, но секако еве и денеска после одлуката не боли, затоа што е неправда, а неправдата на кој и да се случува боли. Но, прва цел беше да бидеме таму присутни, да испратиме порака дека сме две пријателски земји. Ние не сме непријатели и немаме отворени прашања, ние имаме политички околности кои мораме ние да ги надминеме, рече Заев. Втората порака била до младите луѓе дека тие треба да негуваат пријателство.

Премиерот рече дека било логично да не се очекува бугарската влада или бугарскиот претседател да донесат одлука спротивно на Парламентот.

-Затоа тоа беше обезбедено. Но, на крајот се кажува дека нема политичка влада и нема парламент што значи не оти им требаат за ваквата одлука, тие имаат целосно суверено право и уставно право да донесат одлука, но веројатно заради неподготвеност да се преземе политичка одлука во вакви околности на техничка влада и без парламент, рече Заев.

Факт е, потсети меѓу другото тој, дека во Договорот има задолженија за двете страни да работат на градење на меѓусебното пријателство.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ