• Latest

Заев: На “Отворен Балкан” сите се чувствуваме како дома, во Тирана, Белград или во Скопје

December 21, 2021
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: На “Отворен Балкан” сите се чувствуваме како дома, во Тирана, Белград или во Скопје

December 21, 2021 14:43
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Обраќање на заедничката прес конференција на „Отворен Балкан“во Тирана, премиерот Зоран Заев истакна дека  во последните денови од својот ангажман како премиер на Северна Македонија, со огромни чест и задоволството уште еднаш директно да учествува и да придонеса во остварувањето на благородната мисија на иницијативата “Отворен Балкан”, каде сите се чувствуваат како дома, во Тирана, Белград или во Скопје.

– Уште на почетокот на оваа инцијатива, јас и моите колеги, другари и браќа, Александар Вучиќ и Еди Рама, нагласивме дека „Отворен Балкан“ е автентичен, заеднички процес инициран од Северна Македонија, Албанија и Србија, но создаден за добробитот на целиот регион, отворен за сите земји од регионот.

Заев истакна дека сите останати земји од регионот имаат отворена, јавна, директна и недвосмислена покана да се придружат, и ги охрабри сите од Западен Балкан заедно да придонесат овој наш заеднички простор, да стане поврзан и пред се економски развиен, без пречки, без ограничувања, слободен, прилагоден целосно на потребите на нашите народи. Тој повика на придонес кон големата идеја Западен Балкан да стане “Отворен Балкан” кој носи конкретни придобивки за сите наши граѓани, да направиме да стане важен, реален дел од секојдневниот живот на нашите граѓани преку единствениот пазар.

И еве денеска, рече Заев, пред граѓаните на нашите земји, пред граѓаните на целиот регион, презентираме конкретни чекори: Ги потпишавме Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан и Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан.

-Со овие договори им овозможуваме на граѓаните на Северна Македонија, Албанија и Србија пристап до електронските услуги на националните портали на трите земји преку креирање електронска идентификација “Отворен Балкан” со што започнува остварувањето на можноста за олеснет и непречен пристап до пазарот на труд во трите земји.

Веднаш штом договорите бидат ратификувани во парламентите на Северна Македонија, Албанија и Србија, граѓаните од трите земји ќе се стекнат со можност слободно да се движат и да работат во секоја од нив.

На овој начин ги поврзуваме нашите човечки ресурси, го окрупнуваме нашиот пазар, ги поврзуваме економиите, стануваме поконкурентни, посилни и уште повеќе подготвени за натамошен развој. Се поврзуваме со јасна, отворена и јавна намера нашите народи час поскоро да осетат директни, економски придобивки од олеснувањата кои ги обезбедуваме. Придобивките многу скоро ќе ги почувствуваат илјадници семејства во регионот.

Правиме крупни чекори за европеизација на нашиот заеднички регион. Најдобрите европски практики ги применуваме дома, бидејќи – НИЕ СМЕ ЕВРОПА, истакна Заев во своето обраќање.

Кога со претседателот Вучиќ и со премиерот Рама ја создававме визијата за „Отворен Балкан“ се согласивме да не дозволиме да надвладее евроскептицизам во нашите земји поради неуспехот на одредени политики на Европската Унија. Европските идеи и вредности секогаш ќе бидат поголеми и попривлечни од европската администрација. Во тоа име, “Отворен Балкан” e силен придонес кон големите идеи и вредности на Европската Унија, придонес кој регионот не го носи на ниту едно друго место, туку единствено поблиску до самата Унија. Кога ЕУ потфрла, ние имаме обврска постојано и постојано да преземаме иницијативи кои го европеизираат регионот и кои носат подобар, европски живот за нашите народи.

Брисел може и да одлучи да го забави проширувањето, но европеизацијата и европските стандарди во Северна Македонија, Србија и Албанија нема зошто да чекаат или да бидат забавувани.

Договорите за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан по примерот на ЕУ се конкретни чекори на прифаќање на вредностите и спроведување на практиките од Европската Унија.

Остваруваме нешто што е вообичаена и нормална пракса во ЕУ врз основа на заедничкиот  договор на нејзините земји членки. И секако, по кој знае кој пат, потенцираме – „Отворен Балкан“ не е замена за ЕУ туку засилувач на европската идеја на Балканот. “Отворен Балкан” е Европа и ништо помалку од тоа.

Се разбира, сите три земји остануваат посветени на своите одделни агенди и обврски за пристапување во членство во Европската Унија.

„Отворен Балкан“, како ново и силно регионално поврзување, доби силна и едногласна поддршка  од деловните заедници односно од стопанските комори на нашите три земји. Тие се согласија дека „Отворен Балкан“ е платформата која му е потребна на регионот.

Јас сум благодарен на Соединетите Американски Држави како и на лидерите на земјите членки на ЕУ и на највисоките претставници на ЕУ за нивната поддршка.

Оваа поддршка ни потврдува дека спроведуваме одржлив процес за заеднички економско-политички простор на Западен Балкан со конкретни придобивки за сите наши граѓани.

Заев во завршницата на своето обраќање, веројатно и последно од оваа моја функција, им се заблагодари на претседателот Вучиќ и на премиерот Рама за споделената заедничка верба во визијата и потребата од „Отворен Балкан“.

„Отворен Балкан“ е процес од кој нема враќање. Нема ниту една причина да го напуштиме патот кој води кон исклучително блиска соработка во регионот.

Нема зошто да отфрлиме пат кој води кон бришење на границите како административни бариери и кој ќе ни ги овозможи четирите слободи за движење на луѓето, стоките, услугите и капиталот.

Во силните потенцијали на „Отворен Балкан“ остануваат идеите што веќе ги разговаравме и кои треба да бидат дел од следната фаза на нова, значајна соработка.

Во туризмот, да воспостават комуникација министрите и директорите на агенциите за туризам од трите држави за да утврдат заедничка понуда кон светските пазари, што ќе го промовира “Отворен Балкан” како атрактивна дестинација. Имаме многу што да му понудиме на современиот турист.

Докажавме дека овој регион ги има некои од најубавите вина во регионот. На самитите на „Отворен Балкан“ производителите на вино се вмрежија во неколку различни иницијативи, но сега е време да им помогнеме да заживее идејата за регионален на вински туризам преку поуспешно преставување на светските саеми за вино и соработка за унапредување на индустријата. Веќе во мај 2022 ќе го имаме и првиот вински саем за поголема афирмација на виното.

Зборувавме и ги препознавме потенцијалите за соработка меѓу трите земји во филмската продукција. Следниот чекор во оваа насока треба да биде утврдување буџет од трите држави за основање заеднички фонд на кој ќе аплицираат копродукции иницирани од трите земји, подвлече премиерот.

И, секако на крајот, затоа што е посебно важно – соработката меѓу нашите млади.

Да направиме се’ што е потребно да се интензивираат контактите, познанствата, размените и заедничките иницијативи меѓу младите од нашите држави преку организација на настани. Од заеднички летувања, преку спортски турнири и културни настани до научно – истражувачки хабови, за што секако е неопходен иницијален буџет од трите држави за кои што сме спремни да го поддржиме.

Нашите народи, македонскиот народ, албанскиот народ и српскиот народ, како и народите на другите земји од регионот, пред себе имаат ист пат. Имаме иста визија и исти вредности. Тоа се европските вредности. Одиме по истиот пат, заедно, напред, поврзани, додаде Заев

-Драг Еди, драг Александар, продолжи Заев, „Отворен Балкан“ не само што не зближи како лидери на три соседни земји, туку за мене има и лична вредност, а тоа е огромното пријателство со вас двајцата. Чувајте го и развивајте го Отворен Балкан, а денеска сите  видоа дека и мојот наследник, Димитар Ковачевски, подеднакво исто ќе биде посветен на овој процес, и лично верувам дека неговиот придонес големо освежување за овој процес.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ