• Latest

Заев на средба со претседателот на Европскиот Совет за ЕУ перспективата на Северна Македонија

May 19, 2021

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев на средба со претседателот на Европскиот Совет за ЕУ перспективата на Северна Македонија

May 19, 2021 10:10
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев изутринава ќе има средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, во последен обид во седиштето на ЕУ да ги презентира македонските аргументи за формален почеток на преговорите за членство, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова е втора посета на македонскиот премиер на Брисел во рок од една недела. Минатата тој се сретна со претседателката на Европската Комисија и со шефот на дипломатијата на ЕУ.

Денеска тој се сретнува и со шефот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, кој претседава со највисокото тело на ЕУ – лидерските средби или самити на ЕУ.

Иако Европскиот Совет не носи одлуки, тоа е клучното тело каде се цртаат и одредуваат политиките на Европската Унија. Мишел има улога да изгради компромис помеѓу 27-те шефови на држави и влади на Европската Унија.

Се очекува премиерот Заев денеска и на Мишел да му ги повтори аргументите дека е нужно Северна Македонија да ја одржи првата Меѓувладина конференција пред крајот на португалското претседателство, за да се зачува и подобри кредибилитетот на Европската Унија како во земјата така и во целиот регион.

Северна Македонија заедно со Албанија во март 2020 доби зелено светло од сите 27 членки на ЕУ едногласно дека треба да започне преговори со ЕУ, но Бугарија го блокира усвојувањето на преговарачката рамка поради билатерален идентитетски спор. Повеќето земји членки на ЕУ отворено изјавија дека не ја поддржуваат Бугарија во оваа блокада, но останува дека Софија има право да стави вето и дека само со согласност од сите 27 земји на ЕУ може да се усвои рамката за Северна Македонија и да се одржи првата Меѓувладина Конференција. Оваа конференција всушност го означува формалниот почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Зоран Заев минатата недела од Брисел повтори дека нема да прифати почеток на преговори со ЕУ по цена на македонскиот идентитет и јазик. Македонскиот јазик стои во нацрт преговарачката рамка, а таа мора да биде усвоена и од Северна Македонија за да биде важечка.

Ова премиерот им го порача на сите свои соговорници и се очекува повторно тоа да го стори со Шарл Мишел денеска.

Тој ќе потсети и дека од односот кон Северна Македонија зависи кредибилитетот на Унијата во целиот регион, но и дека во прашање е и регионалната стабилност.

Заев вчера учествуваше и на лидерската средба на шесте земји од западен Балкан на покана на високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Јосеп Борел, на која фокус бил гео политичкиот аспект на односите ЕУ-Западен Балкан, но се разговарало и за ЕУ перспективата на сите шест држави кои во последниот период е значително отежната и забавена.

=Република Северна Македонија ги заврши сите свои обврски што произлегуваат од листата со критериуми за почеток на завршниот преговарачки процес за пристапување во членство во Европската Унија. Тоа Европската комисија го препозна и во нејзините извештаи за напредокот на земјата до Европскиот совет и до лидерите на земјите членки на ЕУ многу јасно стави до знаење дека земјата има безусловна препорака за почеток на преговорите, нагласи вчера пред почетокот на вечерата премиерот Заев.

Северна Македонија се надева дека до крајот на португалското претседателство ќе се изнајде решение да може земјата, заедно со Албанија, да ги започне долгоочекуваните преговори со ЕУ.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ