• Latest

Заев: Не би требало да има измени во извршната власт

May 17, 2021
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Не би требало да има измени во извршната власт

May 17, 2021 18:23
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Извршната власт е бирана од Парламентот и нејзините претставници заслужија да добијат шанса. Тие се околу 8,5 месеци министри, раководители и слично имајќи во предвид дека Владата е бирана лани на 1 септември не би требало да има измени.

Ова го порача премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев во одговор на новинарско прашање, дали по конгресот на СДСМ треба да очекуваме промени во извршната власт.

„Задоволен сум од вчерашниот конгрес, коментирав јавно дека не се лесни овие кадровски решенија. Давањето шанса на секој да се вгради и заблагодарувањето на некој што и досега се вградил се сериозни процеси коишто оставаат трага за мотивација на следни генерации да се борат да добијат шанса и да дадат свој прилог во унапредување на севкупниот квалитет на живот на Р.С. Македонија. СДСМ е сериозен чинител, најголем политички субјект кој во моментов ја има честа и одговорноста да управува со извршната власт, заедно со коалициските партнери. Верувам дека тоа ќе биде поттик на секој да се вгради политички и да помогне во процесите“, потенцира Заев.

Додаде дека голем дел од највисокото раководство се носители и на високи функции, почнувајќи од заменик претседателката, генералниот секретар, потпретседателите на партијата, кои носат сериозни функции и еден дел од Извршниот одбор, а останатите, посочи, можат дополнително да бидат посветени на соодветни политики во координација со граѓаните, за да се изградат уште поуспешни политики во претстојниот период.

За обвинувањето од опозицијата дека потпретседателите се партиски послушници, Заев рече дека е нормално кога се членови на СДСМ.

„Опозицијата навистина е посебна кај нас, тие се потпретседатели на СДСМ. Нормално е дека се партиски, на СДСМ се потпретседатели, не се на некој друга партија. Ако мисли Христијан Мицкоски и тие да го слушаат ВМРО-ДПМНЕ се лаже. Секако тие се во дослух со граѓаните, а потоа и со членството на СДСМ, коешто ги избрало и им предало чест, право и обврска во име на целото членство на СДСМ да градат соодветни политики за да бидат горди овие социјалдемократи со успесите што Владата ги носи, а согласно тоа да бидат горди сите наши граѓани“, појасни Заев.

Тој заклучи дека имаат компилација на потпретседатели и на раководство за коешто, како што рече, јавноста исклучително позитивно коментираше од сознавањето на имињата до денеска.

„Тоа е многу значајно за да биде ветер во грб, но секако и чувство на одговорност и обврска сите да работиме и заедно да испорачаме резултати. Со овие потпретседатели и генерален секретар и заменик претседател ќе го победиме ВМРО-ДПМНЕ и на следните избори и уште на неколку изборни циклуси. Најповеќе заради нас, но и заради нив. Нека се менуваат, нека се подмладуваат, нека се возобновуваат за да може да имаме фер компентентен натпревар, па можеби некогаш и тие ќе победат на некои следни избори“, им порача Заев.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ