• Latest

Заев: Никогаш не сум разговарал со Бојан Јовановски за Камчев и Јанева

August 23, 2019
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Никогаш не сум разговарал со Бојан Јовановски за Камчев и Јанева

На новинарско прашање Заев негираше дека разговарал со Боки 13 за Орце Камчев или Катица Јанева. На прашањето да даде коментар за тоа дека во една од снимките за „Рекет“ Боки 13 вели дека ќе менаџира со него, Заев одговори дека немало такво нешто.

August 23, 2019 08:47
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Секој што се огрешил од законот треба да одговара. Горди сме дека како извршна власт овозможивме услови независниот правосуден систем да работи и да го врати владеењето на правото. Да покажеме дека Северна Македонија се менува со тоа што никој повеќе не прави влијание и притисок ниту врз обвинители, ниту врз судовите, тие носат самостојни одлуки“, изјави Зоран Заев по завршувањето на вчерашната седница на Централниот одбор на СДСМ.

„Веруваме во презумпцијата на невиност и веруваме во исправноста на независност со силата на аргументите да се докажуваат постапките за можен криминал на секој кој евентуално се огрешил пред законот. Верувам дека тоа се исправни чекори. Вакви случаи се мачнина и тешкотија за сите во општеството, се предизвик истовремено, постојат во многу земји и кај нас. Прашањето е како како извршната власт, но пред се правосудната власт се справува со тоа. Верувам дека Северна Македонија и граѓаните ќе излезат како победници и секој што се огрешил од законот треба да одговара“, рече Заев.

Тој во врска со решението за наследник на Катица Јанева, повика дека за тоа брзо треба да се реагира согласно законите за вршител на должност специјален јавен обвинител, и апелира и до ВМРО-ДПМНЕ и до СДСМ да ги приближат ставовите за законот за Јавно обвинителство, јавува МИА.

„Тоа е уште една причина повеќе особено за политичарите час поскоро да го донесеме законот за Јавно обвинителство. Ги охрабрувам сите и во ВМРО-ДПМНЕ и во СДСМ, брзо да продолжат со работа, бидејќи деновите се броени, а законот веќе е доставен во Собранието во вторник, а мандатот на СЈО истекува на 15 септември. Имаме капацитет како држава овој закон да го донесеме, дополнителна причина е што СЈО е обезглавено, и е причина повеќе институциите на системот да продолжат да работат“, истакна Заев.

На новинарско прашање Заев негираше дека разговарал со Боки 13 за Орце Камчев или Катица Јанева. На прашањето да даде коментар за тоа дека во една од снимките за „Рекет“ Боки 13 вели дека ќе менаџира со него, Заев одговори дека немало такво нешто.

„Нема менаџирање. Никогаш не сум разговарал на таа тема со Бојан Јовановски. Не постоеле разговори со Јовановски на таа тема“, рече Заев.

На новинарско прашање дека италијански новинар најавил нови „бомби“ и оти Заев во нив наводно е лично инволвиран за набавки во здравството, премиерот одговори дека доколку постојат докази за незаконско инволвирање веднаш да се објават.

Заев најави дека денеска во Собранието ќе достави предлог за пополнувување на испразнети места.

Нина Ангеловска, коосновач на Групер е предлогот за нов министер за финансии, додека Елизабета Наумовска ќе биде номинирана за заменик министер за образование и наука. Актуелниот заменик – министер за економија Кире Наумов ќе ја предводи Банката за развој, а Кире Колемишевски ќе биде новиот заменик – министер за економија.

Премиерот рече и дека Неџат Мехмедовиќ ќе биде заменик – министер за политички систем и односи меѓу заедниците, со што преку учество на таа позиција шанса добива бошњачката заедница.

Print Friendly, PDF & Email
Share48Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ