• Latest

Заев: Никогаш повеќе нема да дозволиме институциите да кријат информации

May 3, 2021

Електронскиот попис како поле на судир меѓу политичките партии и етничките заедници

June 30, 2025

Исчезнати лица за време на војната во БиХ: Судбината на околу 7.600 жртви сè уште е непозната

June 30, 2025

24 ЧАСА: Пуштена во употреба делницата Фариш-Дреново, дел од Коридор10д; Русија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО, смета Орданоски; Иран има капацитет за производство на збогатен ураниум

June 30, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Непопуларноста на Елон Маск достигна рекордно ниво по „раскинувањето“ со Трамп

June 30, 2025
Фото: Скриншот од вифро на CNBC Television

Ворен Бафет донираше рекордни 6 милијарди долари акции од Беркшир на добротворни организации

June 30, 2025

Евробарометар: Над 81 отсто од Европејците поддржуваат постигнување климатска неутралност во ЕУ до 2050 година

June 30, 2025
Фото: Андриј Сибиха / Х

Сибиха до словачкиот колега Бланар: Русија ќе те удри и по другиот образ

June 30, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

June 30, 2025

„Безбедно во лето – вози одморен“, превентивна кампања на МВР и РСБСП

June 30, 2025
Сашо Орданоски
Фотографија: Роберт Атанасовски/ЦИВИЛ

Сашо Орданоски за ЦИВИЛ: И годинава не е на повидок завршување на војната во Украина, а Русија во наредната деценија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО

June 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Заев: Никогаш повеќе нема да дозволиме институциите да кријат информации

May 3, 2021 13:03
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Информацијата e јавно добро. Денес, на Светскиот ден на слободата на медиумите важно е да повториме и потврдиме дека во Северна Македонија никогаш повеќе нема да дозволиме институциите да кријат информации“, истакна премиероТ Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

„Властите кои кај нас криеја информации ја заробија државата. Од 2017 година ги отворивме институциите, ги декласифициравме податоците за трошењата и почнавме да објавуваме серија документи и податочни сетови. Со тоа Владата на Република Северна Македонија која во 2016 беше на последно место, веќе три години по ред е прва по отвореност во регионот.

Порано се правеше сѐ да се скрие од медиумите, а денес службите на министерствата прават сѐ да обезбедат точна, сеопфатна и навремена информација. Можеме уште да се подобруваме и ќе се подобруваме, не смее да остане ниту една институција во Северна Македонија со старите навики на затвореност и криење податоци.

Брзиот проток на точни информации е гаранција дека медиумите работат слободно. Дека состојбата со медиумите од 2017 постојано се подобрува потврдува и годинешниот извештај за слободите на „Фридом Хаус“ во кој се нотира дека во Северна Македонија расте бројот на критички и независни медиуми особено на онлајн платформите, а најважен индикатор во извештајот на „Репортери без граници“ е што од 2017 имаме постојан позитивен нагорен тренд, што не беше случај со минатата Влада.

Извештајот на „Фридом Хаус“ уште потенцира дека Република Северна Македонија е единствената земја со демократски напредок во Западен Балкан. Нашиот напредок е втор најдобар резултат меѓу 29 земји од Европа кои се предмет на анализа во извештајот.

Владата ја унапредува и ќе продолжи да ја унапредува двонасочната комуникација со медиумите како еден од примарните владини комуникациски принципи. Премиерот, министрите, владините претставници, прес службите, сите кои сме во контакт со медиумите, постојано мораме да ја подобруваме комуникацијата, да одговараме на сите прашања, точно и навремено. Тоа е наша обврска кон демократската јавност, но во исто време и нашето најсилно оружје во борбата со дезинформациите.

Денес кога македонското здравството и сите граѓани се бориме со глобалната пандемија КОВИД-19, точните информации се во постојана борба со лажните вести.

Апелирам да се вложиме сите во навремено, точно и масовно информирање и да се спротивставиме на дезинформирањето кое има цел да создава лажна слика, да плаши и да крева паники и да ги носи граѓаните до опасност.

Информацијата е јавно добро. Дезинформацијата е опасноста.

На сите медиумски работници им го честитам 3 Мај, Денот на слободата на медиумите!“, истакна Заев.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Едногодишен помен

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ