• Latest

Заев: Никој не преговара за македонскиот идентитет и за македонскиот јазик

December 3, 2020

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Никој не преговара за македонскиот идентитет и за македонскиот јазик

December 3, 2020 15:53
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За сите граѓани кои вистински се грижат, да ги осигурам дека никој не преговара за македонскиот идентитет и за македонскиот јазик. Тоа е наше право на самоопределување, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Нашиот јазик, нагласи Заев, е признат во светот и ние сме Македонци и такви, како пријатели на Република Бугарија и бугарскиот народ, треба да продолжиме да го градиме пријателството.

– Ставот е јасен за сите. Ние сме самостојна нација, која што се развила како што се развивале паралелно сите други нации. Нашиот јазик е исто, како и другите јазици од словенско потекло. Потекнуваат од старословенскиот јазик, од старословенската култура, преку развивање на глаголицата од свети Кирил и Методиј и кирилицата од нивните наследници свети Климент и Наум Охридски, се равивале јазиците. Имаме точно, дел од заедничка историја, која што ги поврзува двата народа и двете држави, од каде буквално се создаваат и македонскиот и бугарскиот јазик, па и српскиот и сите други словенски јазици, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања по промоција на фотонапонска централа во Неготино.

Само со почит едни кон други, рече Заев, можеме да постигнуваме договори кои ќе градат перспективи и пријателства.

– Преговараме за работите од каде почна проблемот. Долгото и краткото име. Дали Северна Македонија има аспирации кон Бугарија или не. Утврдивме, како што го решивме во НАТО, така и во ЕУ, преку нота, во која потврдуваме дека Северна Македонија нема територијални претензии и за мешање во внатрешните работи и малцинските права, затоа што и Бугарија нема и тоа е меѓународно регулирано, рече Заев.

Се разговара, нагласи тој, за стопирање на говорот на омраза, за фази и акциски планови за поуспешно имплементирање на Договорот.

– Секако решението за јазикот, затоа што во преговарачката рамка се упатува на преведување на акито на македонски јазик и тука дојде реакцијата од страна на Бугарија. Ние го имаме решението и тоа за Бугарија македонскиот јазик значи македонски јазик согласно Уставот, за ЕУ македонскиот јазик е чиста работа. За нас бугарскиот јазик значи бугарски јазик согласно Уставот на Бугарија. Ама во 21 век да ставаме вакви билатерални клаузули навистина не е во ред и убаво е да се направи исчекор од страна на Бугарија, која што неколку пати кажува дека ја прифаќа реалноста, го признава македонскиот јазик и народ, но ајде да го утврдиме минатото, изјави Заев.

Посочи дека разговорите треба да продолжат без разлика на исходот на 10 или 18 декември, кога треба да се донесе одлуката.

– Сепак стратегија на држвата е дека треба да продолжиме да разговараме. Во најмала рака да создаваме атмосфера и да отстрануваме пречки за следното лето, но ако може тоа да го постигнеме и сега би требало да правиме максимални напори до последниот момент, изјави Заев.

Патот е тој, посочи Заев и ќе продолжиме по него да чекориме, со очекување што побрзо да ги отвориме поглавјата.

Зоран изјави дека специјалниот претставник на Владата за Бугарија Владо Бучковски треба да биде само мотиватор за спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство, а оти преговорите за изнаоѓање решение и натаму ќе ги води Министерството за надворешни работи.

-Бучковски како специјален претставник на Владата треба да биде оној кој ќе биде мотиватор на реализцијата на договорот. Преговорите ги води МНР на чело со министерот Бујар Османи, државниот секретар и кабинетот. Вклучен е и вицепремиерот за европски прашања кој е во контакти со европските министри задолжени за европски прашања и мојот кабинет со нашиот иден амбасадор во НАТО Дане Талески кој од почетокот е во овие разговори, рече Заев.

Тој истакна дека деновиве се прават напори да се изнајдат решенија, иако како што рече, го подготвивме народот дека постои можност да не се усвои преговарачката рамка, а со тоа да не се даде можност да се одржи првата меѓувладина конференција.

-Сепак стратегија на државата, лично моја посветеност и на сите министри е дека треба да продолжиме да разговараме во најмала рака да создаваме атмосфера и да отрстрануваме пречки за следното лето, но ако може тоа да го постигнеме и сега би требало да правиме напори до последен момент, истакна премиерот Зоран заев одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на фотонапонската централа на „ЕВН Македонија“ АД, Скопје во населеното место Војшанци, Неготинско.

Имеуван е, како што додаде, за една година, со тоа што ќе работи навистина на реализација на акцискиот план за поуспешно спроведување на Договорот со Република Бугарија. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ