Предлогот на Владата за нова министерка за финансии да биде назначена Нина Ангеловска, предизвика лавини од реакции на денешната собраниска говорница. Премиерот Зоран Заев влезе во пресметка со лажните вести, гласините и обвинувањата од опозицијата на сметка на економијата воопшто, а особено на на предлогот 31-годишната стопанственичка да ја добие оваа одговорна функција.
„Грант, таа компанија во однос на апликација во која што како сопственичка структура фигурирала Нина Ангелевска никој пат не добила. Никојпат не добила. Таму, се повлекува од постапката, снаа на Цветанка Ласкова, заради Законот се повлекува, но сепак грантот не е доделен. Никој пат. На компанијата која што конкурирала. И на крајот, не е доделен потврдувам, но и да е доделен, зарем тие иноватори за технолошки развој, кој што создаваат проекти и државата треба да ги подржува, треба да бидат надвор од видикот на нас политичарите, мандаторите при регрутација на кадри?“ – рече Заев, одговарајќи на паушалните напади од опозицијата.
Понатаму, Заев истакна дека „основачот на Групер во нашата земја е една од најуспешните млади претприемачи. Кога и да гуглате, за Нина Ангелевска ќе видите дека Групер е инспириран од Групон. Нина Ангеловска прв пат носи можност за Е-трговија која што не постои овде, како нов успешен модел којшто се отвора во Република Северна Македонија.“
На своевиден начин, веројатно и не сакајќи, во одбрана на Ангеловска влезе и самиот Илија Димовски, кој од собраниската говорница рече: „Немам никаков сомнеж околу личниот капацитет, немам ни право затоа што помлад станав пратеник во Собранието и би било нефер да критикувам.“