Премиерот Зоран Заев денеска присуствуваше на седницата за пратенички прашања во Собранието и одговараше на пратенички прашања.
На пратеничко прашање како го разбира писмото од амбасадорот Џес Бејли, во врска со посочувањето за неосновано поврзување на негово име со судски одлуки и дали министерката за правда во Судскиот совет ќе покрене истрага, Заев одговори дека веќе дал насока во неговиот Кабинет да се стапи во контакт со амбасадата на САД за да се добијат повеќе информации.
„Го сфаќам како порака никој да не се вади на амбасадата за судски одлуки. Ова е доволен сигнал да преземеме анализи што е причината за тоа писмо. Да, ќе дадам инструкции до министерката за правда да го отвори прашањето во Судскиот совет. Ако имало таква работа, да се посочи и да има одговорност“, рече премиерот Заев.
Заев соопшти дека веќе се дадени насоки на неговиот советник за надворешна политика да разговара со амбасадорот Џес Бејли, но поради неговото одсуство поради празниците, ќе се види со заменик амбасадорот да добие објаснување. По враѓањето на Бејли, Заев лично ќе се види со него за подетални инфорамиции за причините на тоа писмо.