• Latest

Заев: Пописот треба да го спроведеме и секој да си ја преземе одговорноста

March 10, 2021

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ПОПИС

Заев: Пописот треба да го спроведеме и секој да си ја преземе одговорноста

March 10, 2021 14:11
in ВЕСТИ, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Пописот треба да го спроведеме, тоа е статистичка операција и секој треба да си ја преземе одговорноста, вели премиерот Зоран Заев.

– Има земји кои што го одложиле, но тие имаат последни податоци од пред 10 години. Ние имаме последни податоци од пред 20 години и навистина правиме грев пред граѓаните со сето тоа што е работење на јавните институции со нивните пари на непознати податоци. Треба да го спроведеме пописот и апсолутно е јасно како операцијата се спроведува со анкетен прашалник, согласно протоколите, како што течат сите постапки. Можеме да го завршиме пописот. Тоа е статистичка операција и треба да си ја земеме одговорноста, изјави Заев во одговор на новинарско прашање по денешната посета на „Скопје Ист Гејт“.

Тој појасни дека пописниот прашалник оваа година е олеснет не само кај нас, туку и во многу други земји.

– Сите податоци кои што ги имаме од базите не ги попишуваме, ги имаме. Тие што не ни се докомплетирани, ги попишуваме и ги споредуваме со базите. Но, има податоци кои што ги нема во ниедна база, како што е верска определба, етничка определба. Морате да го направите. Има сигурно и други податоци кои што се собираат директно, како што се членови на домаќинства, бројот на членови, на деца, образование и слично. Затоа пописот е намален во делот на прашалниците, за еден дел веќе имаме електронски податоци, а еден дел само го споредуваме, вели Заев.

За локалните избори изјави дека очекува успешно да бидат спроведени во октомври со земање на отпечаток на прст, но вели потребно е да се донесе Изборниот законик кој се носи со консензус, а кој треба да одговори на сите дилеми.

– Правиме се што можеме да направиме. Последната дилема е во ридско планински места ако е слаб интернетот и не може да се користи самата база дали се повторува гласањето или се овозможува на стариот начин да се гласа. Таа дилема треба да ја разрешат работните групи за нас е прифатливо како ќе одлучат сите се со цел да имаме договор со сите. Очекувам да имаме успешни избори во октомври со фингерпринт, отпечаток од прст. Тоа е заложбата на сите. Сум ја барал како опозиција, а сега опозицијата ја бара и ред е да ја дадеме а впрочем и е и зголемување на довербата на граѓаните во изборните резултати, изјави Заев.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ