• Latest

Заев: Португалскиот предлог за нас е одлична појдовна основа за постигнување договор со Бугарија

June 3, 2021

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Португалскиот предлог за нас е одлична појдовна основа за постигнување договор со Бугарија

June 3, 2021 14:37
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека португалскиот предлог за нашата страна е одлична појдовна основа за постигнување договор со Бугарија и оти е задоволен од креативноста на португалското претседателство за да се се изнајде решение меѓу двете земји, со цел да се одржи првата меѓувладина конференција до крајот на јуни. Заев, сепак, вели дека очекувањата треба да бидат приземни, бидејќи Бугарија се уште има техничка влада.

-Тоа за нас е одлична појдовна основа за постигање на договор. Кога велиме за нашите страни ги знаете – македонскиот јазик и македонскиот народ и идентитет се нешто за кое што не сакаме документ да погледнеме, не предлог. И тоа им е јасно на сите. Впрочем кога разговараме и со соседите, со Бугарија зборуваме дека и тие ја прифаќаат реалноста на македонскиот народ и македонскиот јазик, но важно е како се формулираат самите ставови, рече Заев во одговор на новинарски прашања по увидот во реконструираното одделение во Комплексот на Клиниката за торакална хирургија „Мајка Тереза“.  

За португалскиот нон-пејпер не откри повеќе детали, вели оти треба да се внимателни во образложувањето на самиот документ, и оти е кажано тоа што е дозволиво да се изнесе пред јавноста, изразувајќи задоволство од, како што рече, инвентивноста и креативноста на португалското претседателство. 

-Позитивно сме изненадени од португалското претседателство, затоа што не е земја што е околу Западен Балкан па да биде целосно во тек. Важно е што водела грижа оваа екипа предводена од министерот за надворешни работи на Португалија за двете страни – за македонската и за бугарската страна. Исто така е важно што воделе грижа и за бугарската позиција која што е навистина секако внимателно обезбедена и гарантирана. Тоа ни дава надеж дека може да се направи исчекор, рече Заев.

Тој изрази уверување дека сега под раководство на двајцата министри за надворешни работи постои можност да се усогласат тие делови коишто е важно да ги усогласиме за да добиеме шанса и надеж, прво за 22 јуни кога е Советот на општите работи за да може да се донесе одлука.

-И секако реков очекувањата треба да бидат приземни. Бугарија има техничка влада, но сето тоа ова не е невозможно. Така што тука доаѓа и септември. Затоа што август и септември ќе имаат политичка влада, која што би можела да носи одлуки, да се договориме би било супер затоа што има многу што да работиме и Северна Македонија и Бугарија. Ако не се договориме дај да направиме се што можеме политичката влада заедно со нашата влада да донесе решение. Шеснаесет и пол години чекаме, прво меѓувладина конференција, двата месеци не менуваат ништо, важно е дали навистина ги правиме вистинските чекори и знаете договор бива кога двете страни се спокојни и се секако надежни дека тоа е тоа што ни требаше како обврзување на двете страни дека подобро ќе им служиме на граѓаните во ваквиот случај, рече Заев.

Во врска со патоказот, Заев нагласи дека планот денеска е споделен на увид меѓу сите стручни служби внатре во МНР.

-Се работи за патоказот, секторската соработка што треба да биде утврдена како одговор за да може да подготвиме и следна меѓувладина конференција. Тоа е многу важно. Знаете кога за гаранциите зборува Бугарија, зборуваме и ние за добробит на двата народи и двете земји, а тоа е уште поефикасна реализација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, што значи побрза изградба на железницата помеѓу Куманово и бугарската граница. Од друга страна, од Бугарија према граничниот премин Клепало кај Берово, посериозна соработка помеѓу институциите која што рака на срце може да видите овие неколку месеци како ги имаме секојдневните соработки. Пред некој ден беше министерката за култура, претходно беа директорите на железниците, во Рим се потпишаа договорите помеѓу националните информациски агенции. Претходно беа националните радиотелевизиски сервиси МРТВ и Бугарската национална телевизија. Имавме поетски вечери организирани од наши поети во Бугарија, овде имаме едно седум нови инвестиции од Бугарија. Сето ова како пандемијата одминува така се интензивира и верувам навистина дека ќе биде конкретизирана, додаде премиерот.

Тој истакна дека е важно како за бугарската страна, така и за ЕУ, да се има фокус, додавајќи оти државава ќе продолжи да напредува и со европеизацијата дома, но и со реализацијата на двата многу важни договори – Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија и Преспанскиот договор со Грција. 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ